Лудило на ЛОИ: ВАР по 2 часа поништи гол и ги врати Аргентина и Мароко на терен

Филип Здравески
/ 24.07.2024 / 19:50

Иако отворањето на Олимпијадата е в петок, фудбалскиот турнир почна денес. И тоа каков почеток - уште на првиот натпревар контрозерзија.

Откако сите медиуми пренесоа дека Аргентина и Мароко одиграа 2:2, два часа подоцна двете репрезентации мораа да излезат на терен и да одиграат уште 3 минути оти голот на Аргентинците за израмнување бил нерегуларен.

Олимпискиот фудбалски турнир годинава ќе има многу ѕвезди, а на турнирот пристигнаа и репрезентациите на Аргентина и Мароко со одлични тимови кои заедно со дуелот Узбекистан - Шпанија го отворија натпреварувањето.

Мароканците поведоа со голот на Суфјане Рахими во 2. минута од судиското надополнување на првиот дел по една фантастична акција, а истиот играч на отворањето на вториот дел од пенал ја удвои предноста на африканската селекција.

Голот за надеж за Аргентинците го постигна Џулиано Симеоне во 68. минута, а тимот предводен од Хулиан Алварес и Николас Отаменди израмни во 106. минута преку Кристиано Медин. Никому не му е јасно зошто шведскиот судија ја продолжи играта за дури 15 минути.

Голот ги налути мароканските навивачи кои почнаа да прават нереди и всушност натпреварот беше прекинат без да биде свирнат крај.

Во ВАР собата судиите во наредните два часа го прегледувале голот за 2:2 на Аргентина, по што одлучиле дека е нерегуларен поради офсајд. За да се официјализира одлуката треба натпреварот да е во тек, па шведскиот судија Нибериј ги извести двете репрезентации дека треба да излезат на терен и да доиграат уште три минути, иако беа поминати околу два часа по прекинот.

Така, играчите повторно излегоа на терен, ВАР го поништи голот на Аргентина, се одиграа уште три минути во кои Мароко го одбрани водството и запиша 3 бода на стартот.

Во оваа група Б се уште и Ирак и Украина.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Фудбал

Ламал ќе ја добие 10-ката на Меси

Read more

Во Хрватска шампионскиот трофеј ќе биде донесен со хеликоптер

Read more

Крајот на една иконска кариера запечатен со јубилеен гол: Уживав во секоја минута

Read more

Ракитиќ ќе се пензионира

Read more
 

Спорт

Ламал ќе ја добие 10-ката на Меси

Читај повеќе

Во Хрватска шампионскиот трофеј ќе биде донесен со хеликоптер

Читај повеќе
  • play_arrow

Крајот на една иконска кариера запечатен со јубилеен гол: Уживав во секоја минута

Читај повеќе

Ракитиќ ќе се пензионира

Читај повеќе

Дрес на Мајкл Џордан од 1993 година продаден за 2,6 милиони долари

Читај повеќе

Поради можна мајсторка: Интер и Наполи в петок ќе решаваат за Скудетото

Читај повеќе

Освоија титула, па се ослободија од 11 играчи

Читај повеќе

Де Брујне: Можеби ќе останам во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси за соперништвото со Роналдо: Спортски гледано, беше прекрасно

Читај повеќе