Лудило во Чемпионшип: Биелса испрати шпион на тренингот на Дерби Каунти

Целата англиска фудбалска јавност знаеше дека доаѓањето на Марсело Биелса на Островот ќе донесе една луда сезона во Чемпионшип, но ексцентричниот „Ел Локо“ ги помести границите на еден само за него својствен начин – испрати шпион на тренингот на Дерби Каунти.

Тренерот на Лидс дури и призна дека испратил човек да го шпионира тренингот на Дерби Каунти, но одби да се извини за инцидентот.

Дерби Каунти и нивниот тренер Френк Лампард објавија дека непознат човек бил присилно отстранет од нивниот тренинг во пресрет на мечот против Лидс Јунајтед, во моментов водечката екипа на табелата во Чемпионшип лигата. Тренингот бил запрен во истиот момент и Фудбалската асоцијација на Англија потврди дека ќе го испитува инцидентот.

Пред да започне натпреварот помеѓу Лидс Јунајтед и Дерби Каунти, Марсело Биелса беше запрашан од страна на медиумите за неговата вмешаност во ситуацијата која се случи во четврток попладне. Тој не се двоумеше околу неговиот одговор.

„Точно е дека човекот кој го шпионираше тренингот (на Дерби Каунти) беше пратен од Лидс. Јас сум одговорен за тоа. Не ме интересира дали е легално или нелегално, правилно или погрешно...за мене е доволно тоа што Френк Лампард и Дерби сметаат дека не е исправно и дека јас не се однесував добро. Тоа го правам одамна и знам дека не е нелегално, дури и зборувам за тоа со медиумите“, изјави Биелса.

Тренерот на Дерби Каунти не беше воодушевен од потегот на неговиот колега. Лампард рече дека истото се случило и во првиот дел од сезоната, кога двата тима за првпат се сретнаа во меѓусебен дуел.

„Лидс може да победат со 4:1 бидејќи тоа е еден фантастичен тим, но факт е дека имаа човек во грмушките од нашиот тренинг камп. Човекот беше замолен да си оди, но не сакаше да го направи тоа“, изјави Лампард.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе