Фудбал

Лудиот Канаѓанец и калливата бела точка талични за Црвена звезда

14. август 2019 - 10:19 | Ф.З.

По неверојатна пенал-серија со вкупно 22 удари, Црвена звезда синоќа го елиминираше Копенхаген и дојде на чекор од групната фаза во Лигата на шампиони.

Највозбудлив натпревар од третото квалификациско коло беше оној во данската престолнина помеѓу Копенхаген и Црвена звезда. По оние 1:1 во Белград, натпреварот во Данска заврши со истиот резултат, а немаше победник ниту по продолженијата.

Натпреварот влезе во пенал-рулет каде се истакна кандскиот репрезентативен голман Милан Борјан кој одбрани неколку удари на домаќините вклучувајќи го и последниот решавачки на Јонас Винд. Пенали шутираа, и тоа успешно, и двата голмани, Борјан и Стен Гритебуст.

Од 11 пенали колку што изведе секој тим, Копенхаген промаши 5, а Звезда 4. Половина од промашените пенали завршија над голот, особено оној на Душан Јованчиќ кој отиде и над трибината.

Теренот на „Телија Паркен“ стадионот беше во лоша состојба што белата точка не се ни гледаше, а на нејзино место имаше куп кал што им пречеше да играчите да упатат нормален удар.

(пеналите почнуваат од 7:30)

Коментирај