Луѓето кои редовно вежбаат заработуваат повеќе

А.С.
/ 08.07.2022 / 18:50

Ако не сте среќни и задоволни од вашиот живот, едно најново истражување препорачува да се свртите кон редовно вежбање.

Во истражувањето во кое беа опфатени 2.000 испитаници во САД, беше испитана корелацијата меѓу нивото на физичка активност и влијанието врз животниот стил. Резултатите покажуваат дека оние луѓе кои имаат навика редовно да вежбаат се посреќни и заработуваат повеќе од оние кои не вежбаат.

Разликата во заработувачката не е мала. Оние кои рекле дека редовно вежбаат заработуваат во просек по 74.000 долари годишно, а оние кои рекле дека никогаш не вежбаат заработуваат во просек само 49.000 долари. Тоа е неверојатна разлика од 25.000 долари.

Едно друго истражување што го спроведе OnePoll за фитнес апликацијата Freeletics, опфати 1.000 испитаници кои редовно вежбаат и 1.000 испитаници кои ретко вежбаат или никогаш не вежбаат. Целта била да се испита вкупното влијание на навиката за редовна физичка активност врз квалитетот на живеење. Истражувањето покажа дека вежбањето позитивно се одразува на здравјето и добросостојбата, но и на салдото во банка.

Од оние испитаници кои рекле дека редовно вежбаат, оние кои правеле поинтензивни вежби заработувале уште повеќе.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои редовно вежбаат исто така имаат и редовен и подобар секс.

34% од оние кои редовно вежбаат рекле дека имаат секс неколку пати неделно, во споредба со само 15% од оние кои никогаш не вежбаат.

Еден од четворица испитаници од оние кои никогаш не вежбаат, воопшто немаат секс.

Ставот и менталната подготвеност се уште еден аспект од животот врз кој редовното вежбање има влијание. Луѓето кои редовно вежбаат има поголема веројатност да се сметаат за посамоуверени, ориентирани кон цел и подготвени да преземат ризици.

Луѓето кои не вежбаат се перцепираат себе си како помалку оптимистични и само 7% од нив се согласиле со изјавата дека живеат исполнет живот. 30% од луѓето кои вежбаат редовно ја потврдиле оваа изјава.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Фит

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more

Најдоброто време од денот за вежбање: Го намалува ризикот од рана смрт за 61%

Read more

Зошто е поважно да одржувате кондиција, отколку да слабеете?

Read more

Колку јаглехидрати треба да консумирате дневно ако сакате да изгубите тежина?

Read more
 

Магазин

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Читај повеќе

Како да препознаете патолошки лажго?

Читај повеќе

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Читај повеќе

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Читај повеќе

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе