Луѓето кои си легнуваат доцна имаат зголемени ризици од болести

Луѓето кои остануваат будни доцна навечер и се будат доцна наутро се изложени на поголем ризик од развој на хронични болести како дијабетес тип 2 или срцеви заболувања, откри нова студија објавена во Experimental Physiology.

Студијата откри дека телата на луѓето кои спаѓаат во оваа категорија имаат послаба способност да согоруваат маснотии, односно полесно таложат масни наслаги.

Од друга страна, оние кои се будат рано имаат поголема веројатност да ги користат мастите како извор на енергија и обично се физички поактивни во текот на денот.

Што значи сето тоа?

Истражувачите велат дека „ноќните птици“ може да имаат зголемен ризик од дијабетес тип 2 и срцеви заболувања. Но, само затоа што претпочитате да останете будни до доцна навечер, не значи дека сигурно ќе ги имате овие здравствени проблеми.

Според Стивен Малин, вонреден професор по метаболизам и ендокринологија на Универзитетот Рутгерс, познавањето на преференциите за спиење е важно бидејќи помага да се водат одлуки за здрав начин на живот за да се промовира намалување на ризикот од болести.

„Се надевам дека овие наоди даваат физиолошко објаснување за тоа зошто луѓето се изложени на зголемен ризик од болести“, изјави Малин за Health. „За возврат, луѓето можат да преземат неопходни чекори за да бидат физички активни, да јадат балансирана исхрана во текот на денот, да избегнуваат оброци доцна навечер и да се обидат да си легнуваат порано за да функционираат следниот ден“, вели  Малин.

Што препорачуваат експертите?

- редовно вежбање и движење во текот на денот, балансирана исхрана, избегнување стресни активности, чувајте ги мобилните или таблетите надвор од спалната соба.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе