Луѓето со овие алергии имаат помал ризик од ковид

Луѓето со алергии на храна имаат 50% помал ризик да се заразат со вирусот кој предизвикува COVID-19 од луѓето кои немаат алергија на храна, покажа истражување на Американскиот национален институт за здравје.

Студијата „Human Epidemiology and Response to SARS-CoV-2 “ (HEROS) го следела здравјето на 4 000 луѓе во 1 400 домаќинства во периодот меѓу мај, 2020 година и февруари, 2021. Според Националниот институт за здравје, во тој период вакцините против ковид сè уште не беа достапни во јавност или не беа широко распространети.

Во текот на истражувањето секое домаќинство имале барем по едно лице постаро од 21 година. Некој во секое домаќинство земал брисеви од нос на секои две недели за тестирање на ковид. Истражувачите не се сигурни зошто луѓето со алергии на храна имаат помал ризик да заболат од болеста. Сепак, откриено е дека овие луѓе имаат малку пониско ниво на изложеност за разлика од останатите во домаќинството.

Студијата откри дека луѓето со астма и други алергиски состојби, меѓу кои и алергиски ринитис, немале помал или поголем ризик од зараза.

Сепак, студијата ги потврди претходните истражувања кои покажаа поврзаност меѓу дебелината и ризикот од ковид. Учесниците кои имале прекумерна тежина имале над 41% поголем ризик од инфекција за разлика од оние кои не биле, се наведува во студијата. Децата од 12 години или помлади имале еднаква веројатност дека ќе добијат ковид како и тинејџерите или возрасните. Но, 75% од случаите кај децата биле асимптоматски.

Тагови
реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе