Љубов и секс

Луѓето задоволни од сексот во врската изневеруваат повеќе

13. февруари 2018 - 20:22 | А.С.

Денот на вљубените е пред нас, па ова е совршено време да бидеме цинични за љубовта и романсата.

Во прилог ни оди едно најново истражување на Државниот универзитет на Флорида во кое беа идентификувани клучните предвидувачи за неверство, врз основа на репрезентативен примерок од 233 млади брачни парови чие однесување било анализирано во текот на три години.

На големо изненадување, резултатите покажале дека оние кои биле задоволни од сексот во нивната врска имале поголема веројатност да го изневерат партнерот, најверојатно бидејќи „генерално се чувствуваат попозитивно во врска со сексот“.

Возраста, степенот на привлечност и сексуалната историја исто така играат клучни улоги го изневерувањето.

Покрај оние кои биле сексуално задоволни во врската, помладите испитаници и помалку атрактивните жени исто така имале повеќе предиспозиции да бидат неверни.

Кај мажите не важело истото - кај нив е поголема веројатноста за неверство ако имаат помалку атрактивна партнерка.

Истражувачите откриле дека мажите кои имале повеќе кратки сексуални врски пред бракот имаат помала веројатност дека ќе останат верни, додека жените од истата категорија имаат помала веројатност да бидат неверни.

Коментирај