Кога сте шесткратен светски првак во Формула 1, возите за екипата на Mercedes и на добар пат сте и по седми пат да станете најдобриот на светот, ред е работодавачот да ве награди. Па така, Луис Хамилтон се пофали со неговиот уникатен ѕвер од автомобил.
Кристијано Роналдо сега сигурно страда, бидејќи Mеrcedes EQS кој го доби Хамилтон е единствениот примерок кој е произведен до сега од ова технолошко чудо и уште некое време овој „вселенски модел” нема да се најде во продажба.
Хамилтон се пофали на друштвените мрежи со подарокот кој му го врачија челните луѓе на Mercedes. Сосема заслужено ќе ужива во Mercedes EQS кој ќе се најде во продажба дури пред крајот на наредната година.
Основниот модел на елекѕтричното чудо ќе чини околу 100.000 евра, а поопремените и полуксузните верзии ќе чинат и до 200.000 евра. Но, секое вложено евро гарантира максимално уживање и љубоморни погледи од сите учесници во сообраќајот.
Mercedes EQS го движи електричен мотор од 350 киловати, односно околу 470 коњски сили, до стотка забрзува за само 4,5 секунди, а со едно полнење може да помине 600 километри.