Лук Шо се онесвести на мечот со Шпанија, соиграчите се загрижија за неговото здравје

Несреќниот лев бек на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација синоќа повторно го извлече подебелиот крај, откако ја почна сезоната во одлична форма и заборави на повредите.

Имено, Шо во 53-тата минута од натпреварот против Шпанија се судри со Дани Карвахал и доживеа тежок нокаут, по што следуваше страшен пад на земја по кој неговите соиграчи се загрижија дека тој можеби никогаш нема да ја продолжи кариерата.

Шо остана онесвестен на земја, а докторскиот тим на англиската репрезентација веднаш дотрча до него. Околу него беа неговите соиграчи од репрезентацијата и во само неколку минути драмата можеше да се почувствува на теренот, но и на трибините. На крајот, тој беше изнесен од теренот на носилки и на лицето носеше маска за кислород. Навивачите присутни на Вембли го поздравија младиот лев бек со силен аплауз.

Според англиските медиуми, Лук Шо доживеал потрес на мозокот, но сега се чувствува добро и работи на закрепнување од шокантната повреда.

Само да потсетиме дека Лук Шо подолго време е на мета на критики поради неговата подложност на повреди. Тој отсуствуваше поради повреди преку 500 дена откако се приклучи на Манчестер Јунајтед, а најсериозната повреда дојде во 2015 година, кога по еден старт на дефанзивецот на ПСВ, Хектор Морено, настрада ногата на Шо. Поради таа скршеница Шо отсуствуваше од терените цели 305 дена.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе