Словенечката мегаѕвезда Лука Дончиќ ја запроси својата долгогодишна девојка Анамарија Голтес и тоа го обелодени на социјалните мрежи.

Анамарија, која е манекенка и инфлуенсерка, го следи во неговата кариера и живее со него веќе подолг период.
Интересно е што Лука Дончиќ одлучи да ја запроси девојката на 7 јули (07.07) одбирајќи го датумот според неговиот омилен број на дресот (77) во Далас Маверикс.