Лука Модриќ е крал на недвижностите: Купи уште три луксузни апартмани во Мадрид

Легендарниот хрватски репрезентативец Лука Модриќ е на залезот на својата богата фудбалска кариера и актуелната сезона во дресот на Реал Мадрид треба да му биде последна, а одамна се посвети на работи кои не се поврзани со фудбалот.

Модриќ очигледно многу добро размислува за својата иднина, па решил да инвестира во недвижнини, а хрватските медиуми веќе го нарекуваат „крал на недвижностите“ по неговиот последен потег.

Имено, Модриќ решил да купи уште три луксузни апартмани во околината на кампот на Реал Валдебеваса и со секој обезбедил паркинг место, пишува 24sata.hr.

Така само ја збогати својата колекција на недвижности, која почна да ја гради пред неколку години, кога стана сопственик и на агенцијата за недвижности „Modric Family SL“.

Тој инвестираше уште шест милиони евра за купување на три стана во Мадрид, а Модриќ гради и свој хотел на земјиште кое се простира на 941 квадратен метар.

Тоа земјиште го купил пред две години и се работи на изградбата на хотелот. Компанијата за недвижности на Модриќ на крајот на 2022 година имала имот во вредност од 14,7 милиони евра, а повеќе од половина од таа сума е за долгорочни средства кои ќе се користат долго време.

Како застапник на компанијата се јавува сопругата на Модриќ, Вања, а вреди да се напомене дека неодамна купиле луксузен имот во Загреб од 220 метри квадратни. Станува збор за стан на врвот на нова зграда на улица Ткалчиќева.

Тагови
реклама

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Младата Месечина во Бик ќе донесе остварување на соништата за 3 хороскопски знаци

Read more

Германски суд пресуди: Milka ги довела потрошувачите во заблуда

Read more

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Read more

Фудбал

УЕФА го казни Фенер: Пријавиле дека му плаќаат на Актурколу по 35 евра месечно

Read more

Сари: Лацио треба да го бојкотира римското дерби ако се игра напладне

Read more

Ал Хилал му нуди на Левандовски 90 милиони евра по сезона

Read more

Adidas лансира ретро дрес на Југославија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Синер го победи Рубљов и го сруши рекордот на Ѓоковиќ

Читај повеќе

УЕФА го казни Фенер: Пријавиле дека му плаќаат на Актурколу по 35 евра месечно

Читај повеќе

Сари: Лацио треба да го бојкотира римското дерби ако се игра напладне

Читај повеќе

Ал Хилал му нуди на Левандовски 90 милиони евра по сезона

Читај повеќе

Adidas лансира ретро дрес на Југославија

Читај повеќе
  • filter

Марота: Интер верува во еволуција, а не во револуција

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Иранците ги испратија фудбалерите на Светско: Пејте ја химната гласно и решително

Читај повеќе
  • play_arrow

Детроит загуби добиен меч, Кливленд блиску до финалето на Истокот

Читај повеќе

Бајката во Реал завршува: Кој може да си го дозволи Мбапе?

Читај повеќе