Фудбал

Лука Модриќ е најдобар спортист во светот

20. март 2019 - 19:12 | А.С.

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ додаде уште една статуетка во богатата збирка вредни награди.

Капитенот на хрватската репрезентација и играч на Реал Мадрид е прогласен за најдобар спортист во светот за 2018 година во изборот на Меѓународното здружение на спортски новинари.

„Сакам да им се заблагодарам на сите кои гласаа за мене. Голема чест да се прими ова убаво признание, навистина сум среќен“, рече Модриќ.

Во анкетата учествуваа 359 новинари од 87 земји, а Модриќ победи до 419 бодови, пред Новак Ѓоковиќ (337) и Роџер Федерер (290).

За најдобра спортистка во светот е прогласена американската гимнастичарка Симон Бајлс која на Светското првенство во Доха освои шест медали, од кои четири златни.

Најдобра екипа во светот е фудбалската репрезентацијата на Франција која го освои Мундијалот во Русија.

Коментирај