Лукаку ги молел директорите на Интер да го вратат

Ромелу Лукаку побарал од директорите на миланскиот клуб да го вратат во црно-синиот дрес за што е подготвен дури и на драстично намалување на платата.

Вака известува италијанскиот спортски дневен весник Tuttosport. Според весникот, Лукаку постојано праќал пораки до Пјеро Аузилио и Бепе Марота молејќи ги да се погрижат летово да се врати во Милано. Воедно, белгискиот напаѓач и на социјалните мрежи често споделува линкови и слики од Интер и друштвените активности на неговите поранешни соиграчи. Последен таков негов „испад“ беше со скарата која ја организираа „Нераѕурите“ во Пинетина.

Бордот директори на Интер, како и претседателот Стивен Чан, се свесни дека Лукаку сака да се врати и дека е подготвен на намалување на платата за речиси 50% само за повторно да го облече дресот на миланскиот гигант. Сепак, желбите се едно, а реалноста друго. Челси летоска плати баснословна сума за неговите услуги, кои не ги оправда, па сега невозможно е да се очекува лондонскиот клуб да го врати за помала сума само за да му излезе во пресрет, особено не откако голгетерот неколку пати јавно си играше со реномето на „Сините“, иако ненамерно.

Лукаку не е во добри односи со тренерот Томас Тухел, но дури и Германецот да си замине од клубот тешко е за очекување „Сините“ на лето да го продадат засилувањето за кое искешираа 113 милиони евра, и тоа по само една година.

Едно можно решение е позајмица при која Челси не би се согласил да му плаќа на Лукаку ни фунта од платата. Тука стапува на сцена жртвата која Белгиецот е подготвен да ја направи, односно да се откаже од речиси половина плата. Сепак, и по завршувањето на позајмицата двата клуба повторно би се вратиле на самиот почеток бидејќи Челси би го продал Лукаку каде било само за да врати поголем дел од потрошените пари, пари кои Интер ги нема за да ги плати и реално не би ни сакал да ги потроши на Лукаку дури и да би ги имал.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more
 

Спорт

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе