СЕРИЈА А 2019/20

Лукаку: Ме бараше и Јуве, но за Интер навивам од ерата на Роналдо и Виери

Ромелу Лукаку открива дека летово освен Интер го барале и од Јувентус, ни открива и зошто се решил да не оди во шампионот туку во тимот кој е во изградба.

Кога некој играч има шанса да потпише за докажан актуелен шампионски клуб, фаворит број еден за Скудетото, претендент и за Лигата на шампионите, со Кристијано Роналдо во своите редови, а наместо него решава да оди во клуб кој со години се мачи, тогаш мора да има некоја навистина добра причина.

„Бев блиску, многу блиску до премин во Јуве, но во мојата глава секогаш се вртеше Интер и неговиот тренер. „Нераѕурите“ се мој омилен тим уште од кога бев дете: тоа беше тим со Адријано, Роналдо и Виери, со кои сега имам одличен однос. Конте ме посакуваше уште кога беше во Челси, такашто воопшто не се двоумев. Откако пристигнав, се концентрирав на тренирање и на враќање во најдобрата форма. Навистина напорна работа“, открива Лукаку.

Белгискиот репрезентативен напаѓач од дете се заљубил во Интер. Веројатно голгетерите Виери, Роналдо и Адријано биле причината поради која и тој е напаѓач.

Во Интер зимава му се придружи неговиот соиграч од Мaнчестер Јунајтед, Ашли Кол.

„И тој е среќен. Овде во Италија многу се посветува внимание на тимскиот дух, неделно организираме по две-три заеднички вечери на кои не фали никој. Секогаш има некој кој ќе се понуди да ја плати сметката“, вели Ромелу.

Интер сезоната со Антонио Конте на клупата негува сосема поинаква игра за разлика од изминативе години. Игра во која се препозната влијанието на Конте, особено во агресивноста.

„Доколку погледнете како играме, ќе видите дека сме најагресивниот тим во лигата. Тоа е поради тренерот кој секогаш нѐ тера да играме на тој начин, да притискаме. Тоа е прашање на менталитет“.

Интер двапати загуби од главниот ривал Јувентус, а со Лацио си разменија по една победа. Во борбата за Скудетото „Нераѕурите“ заостануваат 9 бодови за Јуве и 8 зад Лацио, но имаат и натпревар помлаку.

„Мене во памет ми е титулата сѐ додека математиката не го каже спротивното. Дури и со најмалата надеж мора да се верува. Точно, загубивме со Лацио, но проблемот сезонава е што не извлековме поука од поразите од Јувентус“, вели Белгиецот.

Лукаку премина во Интер после две сезони во Манчестер Јунајтед, пет во Евертон, една во Вест Бромвич Албион и една во Челси.

„Последната беше една од најлошите сезони во мојата кариера. Морав да донесам одлука за мене, за да напредувам во играта и да излегувам на терен за некој кој навистина ме сака во тимот. Солскјер сакаше да останам, но мојата приказна таму веќе беше завршна. На крајот, сепак тој беше оној кој ми помогна да си заминам. Јунајтед сега има добри резултати, со вистинските играчи Солскјер прави добра работа. Никогаш не сум загубил почит за Јунајтед или за би кој друг англиски клуб за кој сум настапувал“, заврши Лукаку во интервјуто за La Gazzetta dello Sport.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Read more
 

Спорт

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе