Лукаревска: СДСМ не копа ровови, туку гради мостови, патишта и врски меѓу луѓето

Скопје, 4 јули 2020 (МИА) – Носителката на листа во ИЕ 2 од СДСМ и коалицијата „Можеме”, Сања Лукаревска денеска од Општина Бутел порача дека инвестициите во инфраструктурата продолжуваат.

Парите, истакна, преку корисни проекти се враќаат кај граѓаните.

-Социјалдемократскиот сојуз не копа ровови, гради мостови, патишта, ги поврзува луѓето. Ќе изградиме нови 950 километри локални патишта. Инвестициите во инфраструктурата, во патиштата, се инвестиции во подобра поврзаност, инвестиции во развојот, инвестиции во нова, развојна македонска економија.  Кога има просперитет, кога има добар живот за сите, нема место за омраза и за национализам. Затоа ќе продолжиме со уште поголемо темпо, сите заедно, рече Лукаревска.

Фокусот, напомена, е насочен кон изградба на нови 500 километри водовод и канализација, за што ќе се обезбедат 100 милиони евра за сите општини.

-Ако не се расфрлаа и трошеа парите на граѓаните како да се туѓи, веројатно Индустриската зона „Визбегово“ во општина Бутел немаше толку да чека  на водовод и канализација. Со поддршка на Владата, сега е завршена изградбата на водоводната мрежа во должина од 7,3 километри, а во завршна фаза е изградбата и на канализационата мрежа. Се создаваат подобри  услови за работа на постоечките компании, а се поттикнува интересот и кај други домашни и странски инвеститори, предочи Лукаревска и најави изградба на нови 777 станбени единици на социјални станови во 12 општини, меѓу кои и во општина Бутел.

 

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе