Лукашенко: Ни понудија пакт за ненапаѓање со Украина

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави во вторникот дека од него било побарано да склучи пакт за ненапаѓање со Украина, објави државната новинска агенција Belta, пренесува Reuters.

Александар Лукашенко, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, ја обелодени наводната понуда на состанокот со владините претставници и безбедносните сили, каде што исто така ја обвини Украина дека му дозволува на Западот да ја користи нејзината територија за обука и вооружување милитанти кои би можеле да ја дестабилизираат ситуацијата во Белорусија.

„Бараат од нас да не влегуваме во војна со Украина под никакви услови, да не ги преместуваме нашите војници таму. Предлагаат да склучиме пакт за ненапаѓање“, рече Лукашенко, пренесе Belta.

Од неговата изјава не е јасно дали Украина или Западот ја дале наводната понуда, пишува Reuters.

Киев не ги коментираше наводите на Лукашенко, а претходно украинските власти предупредија дека Русија може повторно да започне офанзива на северот на Украина од Белорусија.

Кремљ одби „засега“ да коментира дали Лукашенко ќе разговара со Путин за наводната понуда.

Минск ѝ дозволи на руската војска да ја искористи белоруската територија за да изврши инвазија на Украина на 24 февруари минатата година.

Меѓутоа, белоруските војници засега не учествуваат во војната, но се интензивира заедничката воена обука на белоруските војници со руските сили стационирани во Белорусија.

Лукашенко, исто така, ја обвини Украина во вторникот дека засолнила милитанти на нејзина територија кои би можеле да учествуваат во наводниот долгорочен план на Западот за дестабилизација на Белорусија.

„Не знам што им требаше тоа на Украинците“, рече Лукашенко. Тој додаде дека белоруските сили ќе одговорат силно на секоја закана за ред во земјата.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе