Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ја обвини Полска и балтичките држави дека намерно водат деструктивна политика со Белорусија и се мешаат во внатрешните прашања.
Лукашенко констатираше дека Белорусија е принудена да се соочи со еклатантни обиди за мешање во нејзините внатрешни прашања и наведе дека ова посебно се однесува на поттикнување на граѓаните да протестираат.
„Бараат да ја смениме нашата влада, законите и општествените вредности и се закануваат дека ќе нè уништат со санкции, „гушење“ на економијата и инфраструктурата, изјави Лукашенко на денешниот видео самитот на Организацијата на договорот за колективна безбедност.