Луксуз каков што не може да замислите: Поглед во домот на Петра Еклстон

Б.С.Б.
/ 18.10.2021 / 14:07

Домот на Петра Еклстон во Лондон моментално е најатрактивната куќа на пазарот за недвижнини.

Величествената историска куќа, позната како Sloane House, потекнува од крајот на 18 век, сместена меѓу ексклузивните лондонски квартови Кенсингтон и Челзи. Имајќи на ум модерен луксуз, Еклстон ја купи куќата во 2010 година со нејзиниот тогашен сопруг Џејмс Стант, а скоро 5 години работеше со компанијата Casa Forma на обнова и преуредување на домот.

„Копавме дури 15 метри длабоко“, откри Еклстон и додава дека се градело и горе и доле за да има на имотот се што и е потребно. Така, во новиот подрум има затворен базен, теретана, спа центар, салон, игротека, терени за сквош и домашно кино.

Во текот на пандемијата, Еклстон заедно со четирите деца и свршеникот Сем Палмер престојуваше токму во оваа куќа, уживајќи во секој  нејзин дел.

„Имавме многу среќа, искрено тоа веројатно ни беше најомиленото време минато заедно до таа мера што поради поврзаноста со децата, тешко ни е да се откажеме од неа“, вели Палмер кој е агент за недвижнини.

Сепак, нивниот нов дом е во Брентвуд, Лос Анџелес, а домот во Лондон е ставен на продажба. Куќата е купена за повеќе од 80 милиони долари, но за дополнителни 34 милиони е обновена. За новата верзија на Sloane House богатата наследничка на шефот на Формула 1 ќе бара најмалку 175 милиони фунти.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Стил

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Читај повеќе

8 секојдневни намирници што помагаат да се подобри здравјето

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот во државата која официјално не постои?

Читај повеќе

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Читај повеќе

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Читај повеќе

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Читај повеќе

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Читај повеќе

Стјуардеса откри како ги „казнуваат“ патниците кои не сакаат да го отстапат седиштето на дете

Читај повеќе

Кое е најлошо време да се мерите на вага?

Читај повеќе