Луксузната вила на Путин во Сочи срамнета со земја: Тој навистина се плаши

Рускиот претседател Владимир Путин целосно срамни со земја една од неговите палати, наводно поради страв да не остане таму, бидејќи резиденцијата е во домет на украински беспилотни летала.

Според новата истрага на независниот медиум Проект, пишува Daily Mail, Путин „искрено се плаши“ дека би можел да стане цел на напад со беспилотно летало контролиран од Киев.

Во последниве години, Путин често престојуваше во Бочаров Ручеј (Бочаров Поток), резиденција со поглед на Црното Море во Сочи. Меѓутоа, палатата ненадејно била урната со булдожер, а новите сателитски снимки до кои дошол Проект покажуваат дека сега на тоа место има голема јама.

Во извештајот се тврди дека Путин ги избегнува Сочи и регионот Краснодар уште од минатата година, кога украинските беспилотни летала ги интензивираа нападите на руска територија. Украинските воздушни напади погодија различни цели во областа Сочи и Геленџик, што го натера Путин да престане да ги посетува овие региони и покрај софистицираните системи за противвоздушна одбрана кои ги штитат неговите резиденции.

Демолирана во февруари

Палатата Бочаров Ручеј била демолирана во текот на февруари и март годинава. Иако резиденцијата беше целосно уништена, во извештајот на проектот се истакнува дека остануваат многу неодговорени прашања.

„Прво, зошто беше потребно да се урне луксузна резиденција која е реновирана пред 10 години? Одговорот е веројатно очигледен... Поради нападите со беспилотни летала, претседателот се плаши да биде на брегот на Црното Море на територијата Краснодар“, се наведува во извештајот.

„Познаникот на Путин му потврди на Проект дека претседателот навистина се плаши да лета на југ“, се вели во понатамошниот извештај.

Се шпекулира и дека Путин ја срушил Бочаров Ручеј со намера на истото место да изгради нова, уште полуксузна палата, која би можела да содржи побезбедни бункери. Според Проект, руската јавност не била информирана за уривањето на вилата бидејќи резиденциите на Путин се наоѓаат во заштитени подрачја.

реклама

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Што е најевтино за возење: Електричен автомобил, бензинец или дизелаш?

Read more

Ретрограден Плутон ќе им го смени животот на четири хороскопски знаци

Read more

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Read more

Свет

Како Русите ја склопија „Франкенштајн“ ракетата на Путин?

Read more

Значителен пад на нелегалните влегувања во ЕУ преку Западен Балкан

Read more

Дали Макрон ќе распореди нуклеарно оружје низ Европа?

Read more

Трамп: Сакам договор со Иран, но мора да престанат да го спонзорираат тероризмот

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова: Потребни се гаранции за македонската евроинтеграција

Читај повеќе

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Русите ја склопија „Франкенштајн“ ракетата на Путин?

Читај повеќе

Значителен пад на нелегалните влегувања во ЕУ преку Западен Балкан

Читај повеќе

Жена од Кичево физички нападната од сопругот и синот

Читај повеќе

Пушки, пиштол и муниција пронајдени во Демирхисарско

Читај повеќе

Скопјанец нападнат во Аеродром поради недоразбирање во сообраќајот

Читај повеќе

Дали Макрон ќе распореди нуклеарно оружје низ Европа?

Читај повеќе

Трамп: Сакам договор со Иран, но мора да престанат да го спонзорираат тероризмот

Читај повеќе