Љутков: До 2028 година Скопје ќе има легална Универзална сала

Склучениот договор од страна на Министерството за култура и Град Скопје за Универзалната сала има контрадикторни одредби, не е заверен на нотар, не содржи кои права и обврски се предаваат и што всушност се предава, изјави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој се обрати по повод првите 100 дена работа.

Љутков рече Скопје ќе има Универзална сала која ќе биде готова до 2028 година, но дека таа ќе биде изградена на законски и легален начин.

„Универзална сала е преземена од град Скопје во Министерството за култура и туризам на незаконски начин, во постапка која е проблематична, со прекршувања на повеќе закони. Договорот и решението за реконструкција од 22 март годинава издадено од општина Центар, не се запишани во Катастарот на недвижности. На Министерството за култура не му биле пренесени во целост правата и обврските согласно закон, за втора фаза од реконструкцијата“, рече Љутков.

Министерот рече дека Министерството за култура и туризам условно исполнило само еден од двата кумулативни законски услови предвидени во член 70 од Законот за градење, за да може да се стекне со статус на инвеститор, а тоа е: со склучување на посебен договор помеѓу претходниот и новиот инвеститор, да ги преземе правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал со учесниците во градењето, додека не го исполнил и вториот законски услов, а тоа е да биде носител на правото на градење.

Целата документација е предадена на Основното јавно обвинителство, а министерот се надева дека истражните органи ќе постапат согласно нивните надлежности.

реклама
Запленети пола тон дрога во Албанија

Запленети пола тон дрога во Албанија

Read more
Кинеските полицајци како терминатори

Кинеските полицајци како терминатори

Read more
Ксидакис за МИА: Сега е најдобриот момент за решение за името

Ксидакис за МИА: Сега е најдобриот момент за решение за името

Read more

Хороскопските знаци на плажа: Биковите јадат цел ден, Близнаците сакаат ноќно капење

Read more

Култура

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Read more

„Чиста петка“ од прилепската публика за „Слепци“ на Турски театар  - Скопје

Read more

„Пар распар“ на Театар Комедија, „Слепци“ на Турскиот театар и независната „Казабалкан“ денес на „Чернодрински“

Read more

Промоција и читачки кружок за збирката есеи „Суспендирана итност“ на Ивана Хаџиевска

Read more
 

Вести

Колку е моќен македонскиот пасош?

Читај повеќе

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Читај повеќе

Објавени фотографии од маскираниот убиец по кој се трага во САД

Читај повеќе

Дали е на повидок нова нафтена криза?

Читај повеќе
  • filter

Трет ден од воената ескалација меѓу Израел и Иран

Читај повеќе

Балони на топол воздух паднаа во Турција, еден загинат, 19 повредени

Читај повеќе

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Читај повеќе

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Читај повеќе
  • filter

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Читај повеќе