Лувр: „Голата Мона Лиза“ е можеби едно од загубените дела на Леонардо да Винчи

Слика која има неверојатни сличности со познатата „Мона Лиза“ и често беше поврзувана со студиото и школата на уметникот Леонардо да Винчи, би можела да е креирана лично од раката на италијанскиот мајстор.

Официјално позната како „Мона Вана“, сликата е нацртана со јаглен и на неа е прикажана девојка во сличен став како онаа од „Мона Лиза“. Досега се веруваше дека таа е дело на уметник кој живеел во исто време како да Винчи, но од музејот Лувр велат дека таа би можела да биде и негово дело.

Лицето и рацете на девојката на сликата се во иста позиција како кај „Мона Лиза“, а повторните истражувања на историчарите и научните експерти велат дека делото би требало да биде одново класифицирано, со објаснување дека тоа веројатно му припаѓа на Леонардо да Винчи.

Според извештаите од истражувањата, сликата е нацртана од леворак уметник и веројатно послужила како подготовка, односно скица, за друга слика која е нацртана со четка и бои. Леонардо да Винчи е најпознатиот историски ликовен артист кој цртал со лева рака, па совпаѓањето на стилот, позата, периодот во кој е нацртана и географската положба на сликата силно ги насочува сомнежите кон италијанскиот артист.

„Постои голема шанса дека ‘Мона Вана’ е дело целосно или делумно нацртано од Леонардо (да Винчи). Се работи за слика која е направена од искусен, многу талентиран уметник“, вели Матју Делдик, куратор во музејот Лувр.

Уште во 2017 година беше потврдено дека оваа слика потекнува од време кога Леонардо да Винчи активно работел, но тогаш нејзината креација му беше припишана на друг артист од неговата школа за уметност.

„Мона Вана“ ќе биде изложена во дворецот Шантили, северно од Париз. Изложбата ќе трае од 1 јуни до 6 октомври и ќе ја одбележи 500-годишнината од смртта на Леонардо да Винчи. Италијанскиот уметник беше роден во Фиренца во 1452 година и почина во Франција во 1519 година.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Живот

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more
 

Магазин

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Читај повеќе

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Читај повеќе