МААЕ: И покрај гранатирањето, нема ризик за безбедноста на нуклеарката Запорожје

Според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нема ризик за безбедноста на нуклеарната централа Запорожје во Украина и покрај континуираното гранатирање на што е подложена, јави dpa.

Само неколку часа пред состанокот на Советот за безбедност на Обединетите Нации (ОН) во Њујорк, свикан по барање на Русија, нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина, најголемата во Европа и меѓу најголемите во светот, беше нападната со тешка артилерија и ракетни фрлачи, како што соопшти претставник на руските окупациски власти.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси ги повика Москва и Киев да им овозможат на меѓународните експерти пристап до централата што е можно поскоро.

– Јас лично сум подготвен да водам таква мисија, истакна тој, додавајќи оти „нема време“.

Сојузниците на Украина нагласија дека таквата мисија е неопходна и ја истакнаа одговорноста на Русија пред Советот за безбедност.

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија ја префрли вината на Киев и неговите сојузници.

– Нуклеарната централа е цивилен објект. Поради тоа, Русија го чува овој објект, за да не се дозволи да му биде нанесена штета, затоа што ги знаеме последиците и предупредивме за можните последици, доколку ударите врз централата еден ден предизвикаат истекување на радиоактивни материјали, додаде рускиот претставник.

Украинскиот амбасадор во ОН, Сергеј Кислица одговори дека „Русите се познати по нивните разработени планови за лаги, саботажа и прикривање, како овој, што го гледаме денеска“.

Според него, „колку поскоро ја запреме Русија, толку побрзо Европа и светот ќе се почувствуваат безбедни повторно“.

Русија ги обвини и агенциите на ОН за попречување на мисијата на МААЕ, но портпаролот на генералниот секретар Антонио Гутереш, го отфрли тоа.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе