Мачките разбираат што им зборувате, само не им е гајле

И покрај нивниот природен инстинкт да не бидат послушни, мачките можат да препознаат кога ги довикувате по име, тврди новото истражување. Ако се прашувавте дали вашата мачка знае што зборите, сега знаете дека ве разбира. Само не ѝ е гајле.

Досега знаевме дека кучињата, мајмуните, папагалите и делфините можат да препознаат човечки говор, па дури и некои наредби. Сега научниците докажаа дека и мачките разбираат одредени зборови – на некој начин.

Јапонски тим од научници предводен од доктор Атсуко Саито на универзитетот „Софија“ направи истражувања на 78 мачки од локални домови и „прифатилишта за мачки“ за да открие дали мачките имаат способност да разликуваат човечки тонови, имиња и одредени поими.

„Мачките ги распознаваат суптилните разлики помеѓу разликите во звуците кои ги испуштаат нивните сопственици. Некои од сопствениците инсистираа дека нивната мачка знае да си го распознае името и затоа моравме да го тестираме тоа“, пишува во извештајот од истражувањето.

Научниците го направија тестот на тој начин што на мачките им пуштаат аудио снимка во која нивните сопственици изговораат неколку зборови, пред да го изговорат нивното име на крајот од снимката.

Мачките реагираат на гласот на нивниот сопственик, како и на зборовите кои ги слушаа. Реакциите беа забележани како мрдање на ушите, носот, посебни движења на телото и шепите и други. Посебни реакции можеа да се забележат кога сопственикот зборуваше за храна, а мачките имаа многу поанимирана реакција кога ќе го слушнеа нивното име.

Според научниците, резултатите не покажуваат дека мачките знаат дека тоа е нивното име, туку дека добро го препознаваат звукот и знаат за што се користи. Тоа што не реагираат на повеќето од она што го зборуваат луѓето е резултат на тоа дека мачките не ги интересира доволно човечкиот говор. Сите кои што чуваат мачки знаат точно за што зборуваме.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе