Мачор во Украина преживеа 30 минути во машина за перење

Мачор по име Брошa мина половина час во вклучена машина за перење облека и преживеа. Инцидентот се случил во Украина.

Сопствениците објасниле дека мачорот Брошa обожава да спие во машината, а со оглед дека е сив, со истата боја како и внатрешноста на машината, не го забележале во текот на вклучувањето.

Ова е објавено на Facebook страницата на ветеринарната клиника на која мачорот бил доведен за спасување. Според зборовите на вработените во клиниката, Брошa бил во машината за перење облека околу 30 минути пред сопствениците да го слушнат неговиот врисок.

„Замислете ги шокот и ужасот кога ќе сфатите дека мачорот толку долго бил во машината за перење. Изненадува тоа што веднаш по отворање на машината мачорот истрчал и се обидел да се сокрие. Го фатиле, веднаш го исушиле и го одвеле на ветеринар“, додаваат тие.

Во текот на прегледот животното имало ниска температура, очите не му биле доволно отворени поради прашокот за перење, а устата силно му мирисала на детергент.

Ветеринарите му одредиле терапија потребна за закрепнување, а откако резултатите му биле уредни мачорот набргу си заминал дома. Сега, повторно е активен, трча, скока по дома и има апетит.

„Ова не е прв пат да се сретнеме со ваков случај, но Брошa навистина има голема среќа. не за џабе се вели дека мачките имаат 9 животи“, додаваат од ветеринарната клиника.

Слична приказна имаше и во 2020 година во Австралија кога мачка преживеа 12 минути во машина за перење алишта.

реклама

Неделен хороскоп за секој знак од 21 до 27 април

Read more

Турција забрани царски рез во приватните клиники

Read more

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Read more

Ќе се гради нов Скопски саем

Read more

Чек дис аут

Топ 15 најгусто населени градови во светот

Read more

Тиктокер не ја препозна Џенифер Лопес на улица, па ја праша што работи

Read more

Како изгледа денес легендарниот брод Титаник?

Read more

15 најголеми рудници што се гледаат од вселената

Read more
 

Магазин

7 знаци дека најверојатно ви недостасуваат протеини

Читај повеќе

Паровите кои ја разбираат вистинската емоционална зрелост никогаш не избегнуваат 4 обврски

Читај повеќе

Едноставна стратегија со која вашите деца ќе јадат повеќе зеленчук и овошје

Читај повеќе

Како да се надмине пролетниот замор поради чувството на исцрпеност и губење на мотивацијата?

Читај повеќе

Неделен хороскоп за секој знак од 21 до 27 април

Читај повеќе
  • play_arrow

Три симптоми на рак на панкреасот што често се занемаруваат

Читај повеќе

Искористете ги велигденските јајца, додадете грашок и направете салата

Читај повеќе

Тајниот син на Владимир Путин прв пат виден во јавност

Читај повеќе

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Читај повеќе