Мачу Пикчу е постар отколку што се мислеше

Мачу Пикчу, древниот град на Инките, бил населен неколку децении порано отколку што првично се веруваше, покажа најново истражување.

Според соопштението на Универзитетот Јејл, ова го откри тим предводен од археологот Ричард Бургер и истражувачи од неколку други американски институции. Резултатите од истражувањето се објавени во Antiquity.

Според нив, древниот град бил во употребна децении претходно од тоа што првобитно се мислеше, односно во периодот од 1420 до 1530 година, се наведува во соопштението за јавноста.

На основа на историски документи, научниците претходно веруваа дека Мачу Пикчу е подигнат меѓу 1440 и 1450 година.

„Досега процените за староста на Мачу Пикчу беа основани на контрадикторни историски извештаи напишани од Шпанците во периодот по шпанското освојување. Ова е прво истражување засновано на научни докази кое дава процена за основањето на Мачу Пикчу и траењето на неговата окупација, давајќи ни појасна слика за потеклото и за историјата на локацијата“, објасни Бургер.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе