macOS 12 Monterey е достапен за преземање

Најновата верзија на оперативниот систем на Apple macOS наречен Monterey отсега е достапен за преземање.

Неколку месеци наназад, корисниците можеа да го инсталираат оперативниот систем во бета верзија, но сега е подготвен за финална употреба.

Традиционално, Apple ја најави новата верзија на macOS на WWDC конференцијата во јули, а меѓу новитетите се можноста за подесување на Mac за AirPlay и прикажување на содржини од iPhone и iPad, како и софтверот Shortcuts. 

Најголемите новитети како Universal Control и Share Play во почетокот нема да бидат достапни, а корисниците ќе ги добијат малку подоцна оваа есен.

Universal Control овозможува drag - drop функција за трансфер на датотеки помеѓу неколку различни машини, а нуди и можност за контрола на повеќе Apple уреди.

SharePlay ќе овозможи заедничко уживање во музика, ТВ емисии, филмови и слично за време на FaceTime разговори. Ќе може да се користи со Apple Music, Apple TV+ и неименувани популарни услуги од трети страни.

Прелистувачот Safari доживеа редизајн и сега користи потрадиционален интерфејс наместо контроверзниот нов дизајн кој беше претставен на WWDC.

Уреди кои го поддржуваат Monterey се iMac (крај на 2015. и понови), iMac Pro (2017. и понови), Mac Pro (крај на 2013. и понови), Mac Mini (крај на 2014. и понови), MacBook Pro (почеток на 2015. и понови), MacBook Air (почеток на 2015. и понови), MacBook (почеток на 2016. и понови).

За инсталација на Monterey направете ги следниве чекори: System Preferences - Software Update (или напишете Software Update во Spotlight). Откако ќе ви се појави информација дека Monterey e достапен за инсталација, кликнете на Upgrade Now за почеток на процесот на инсталација.

реклама

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Read more

Како точно се пресметува возраста на кучињата во човечки години?

Read more

Што е поздраво - свинска маст или масло?

Read more

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Read more

Софтвер

Microsoft Windows 11 доби нови емотикони

Read more

Објавен крај на Windows 10: Останаа само 4 ажурирања, приоритет добива Windows 11

Read more

Падна договор: Се гради најбрзиот суперкомпјутер со вештачка интелигенција

Read more

Седум предупредувачки знаци дека сте закачиле вирус на телефонот

Read more
 

Гик

Ова се најдобрите Android апликации за 2021

Читај повеќе

Првиот човек на Twitter поднесе оставка

Читај повеќе

Зошто древните народи намерно ги деформирале своите черепи?

Читај повеќе

Чудните сигнали од Венера можеби се резултат на вулканска активност

Читај повеќе
  • play_arrow

Илон Маск како инспирација: Претставен iPhone од стопен дел на Tesla автомобил

Читај повеќе

Решена мистеријата за напредната кинеска цивилизација која исчезнала пред 4.000 години

Читај повеќе

Исланд ја гради првата подземна опсерваторија на магма во светот

Читај повеќе

Конечно е „уловена“ мистериозната „невидлива честичка“

Читај повеќе

Xiaomi годишно ќе произведува 300.000 електрични автомобили

Читај повеќе