Мадам Батерфлај од Џакомо Пучини на 14 февруари на сцената на Националната опера и балет

На 14 февруари со почеток во 20:00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини.

Диригент на претставата е Бисера Чадловска, режијата ја потпишува Александар Текелиев од Бугарија. Сценографијата е дело на Живојин Трајановиќ, а костимографијата ја изработи Лира Грабул. Концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстори: Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ.

Во насловната улога ќе настапи Сандра Митровска, во улогата на Пинкертон ќе настапи Зоран Сотиров, во улогата на Шарплес ќе биде Марјан Јованоски, а во останатите улоги ќе настапат: Марика Поповиќ, Дејан Стоев, Невен Силјановски, Игор Гиновски, Соња Пендовска-Мадевска, Валентина Димитриевска, Калин Бајевски, Марко Димовски, Марко Гапо, Дарко Станојловски, Борко Биџовски, Филип Мирчевски, Никола Чедомировски, Шинаси Рамадан, заедно со хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

„Мадам Батерфлај“ е една од најемотивните и најпознатите опери во светската оперска литература. Пучини вешто ги спојува елементите на западната и источната култура, создавајќи неверојатно силни и драматични музички моменти кои допираат до срцето на секој слушател.

„Ако не сум трогнат, ако либретото не ми го допре срцето…тогаш тоа не е за мене“. Пучини точно знаел што бара во едно оперско либрето, а фактот што приказната за деликатната јапонска „пеперутка“ длабоко го трогнала се огледува во секоја нота од партитурата на неговата славна опера.

Тагови
реклама

Култура

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

Read more

Отворен првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади

Read more

Без зборови – хуманитарен концерт на Македонската филхармонија

Read more

Концертот на Мариа Мендеш и Националниот џез оркестар ќе биде хуманитарен

Read more
 

Вести

Американски разузнавачи: Русија развива сателити кои носат нуклеарно оружје

Читај повеќе

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Читај повеќе

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Читај повеќе

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Читај повеќе

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

Читај повеќе

Истрага против татко и двајца синови: Држеле во заложништво шест млади мигранти

Читај повеќе

Екстремно десничарската АфД за прв пат е најсилна опозиција во Германија

Читај повеќе

Трамп вети дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа: Што направи оттогаш?

Читај повеќе

Левица бара разрешување на директорот на болницата во Демир Хисар

Читај повеќе