Мадрид објавува нови мерки за Каталонија, се очекуваат големи нереди

Ситуацијата во Каталонија би можела да достигне точка на вриење. Шпанската влада се очекува да ги објави конкретните мерки за преземање на контролата над Каталонија, што ќе биде прв пат во историјата на Шпанија, централната влада да се повика на Уставот, за да ја реформира регионалната влада и повика нови избори.

Европската унија го поддржува Мадрид и нема да посредува во каталонската криза.

Шпанскиот премиер, Маријано Рахој, ќе одржи вонреден состанок на својот кабинет и ќе ги соопшти мерките за суспендирање на автономијата на Каталонија. За конкретните акции кои планира да ги преземе по членот 155, мора да го извести Сенатот, во кој, пред конечното гласање, ќе се одржи дебата.

Рахој има поддршка од водечките опозициски партии во Шпанија. Постигнаа договор во јануари да одржат предвремени парламентарни избори во Каталонија. Според аналитичарите, Рахој може да воведе вонредна состојба и забрана за движење и собирања во Каталонија, да прогласи криза на националната безбедност и да донесе закони со декрет. И шпанскиот крал, Фелипе Шести, кој ретко зборува за политика, нагласи дека се противи на независноста на Каталонија.

Каталонските претставници за денеска најавија масовни протести.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе