Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон, кој денес требаше да се изјасни дали прогласува независност на таа покраина или не, доби нов рок од Мадрид.
Од Мадрид му порачаа на Пучдемон дека има рок да ја реши оваа ситуација до четврток, најдоцна до 10 часот наутро.
„Господинот Пучдемон се уште има шанса да почне да ја решава оваа ситуација, тој мора да одговори со да или не на прашањето дали прогласува декларација за независност“, изјави заменичката на шпанскиот премиер Сораја Саенс Де Сантамарија.
Таа истакна дека Пучдемон не понудил адекватен одговор во своето писмо на она што од него побарала шпанската влада и дека до четврток мора да се изјасни дека не прогласува незавиност и да се врати на патот кон почитување на шпанската влада.