Мадрид забранува изнајмување на електрични тротинети

Градските власти на Мадрид најавија дека наскоро ќе стапи на сила забраната за изнајмување електрични тротинети, по примерот на неколку други големи градови кои донесоа ваква одлука претходно, а сето тоа поради опасноста што таквите транспортни средства претставуваат за безбедноста на пешаците.

„Го одземаме овластувањето на компаниите кои изнајмуваат електрични тротинети на улиците на нашиот град“, објави градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинес-Алмеида (ПП, десничарска партија), во порака на социјалната мрежа Х.

„Наш приоритет е физичкиот интегритет и безбедноста на жителите на Мадрид“, продолжи тој, истакнувајќи дека забраната за употреба „треба да стапи на сила во октомври“. Три компании во моментов се овластени да изнајмуваат електрични тротинети на улиците на Мадрид: Lime, Dott и Tier Mobility.

Голем број градови воведоа ограничувања

Ниту една од наведените компании „не ги исполни условите што им ги поставивме за да ја гарантираат безбедноста на пешаците, особено на постарите лица“, рече Мартинес-Алмеида.

Градските власти ги критикуваа трите компании, особено за недостатокот на гаранции за безбедноста на пешаците и за недостатокот на технологија за спречување на возење и паркирање на забранети места.

Во многу големи градови, понудата на електрични тротинети брзо се зголеми благодарение на операторите како Lime, Bird, Dot, Wind и Bolt. Претходно ваквата понуда претставуваше предност за полесен сообраќај во градот, но набрзо се појавија критики поради сè почестите сообраќајни несреќи.

Париз, Монтреал, Лас Вегас и Њу Орлеанс досега го забранија изнајмувањето на електрични тротинети, додека Барселона, Торонто и Њујорк никогаш не дадоа зелено светло за нив.

Голем број други градови воведоа различни ограничувања, намалувајќи го бројот на такви возила, ограничувајќи ја максималната брзина или забранија тротинети за електрична мобилност на тротоарите.

реклама

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Read more

Брнабиќ: 500.000 луѓе во земја со 3,5 милиони жители извикуваа „За дом, спремни“

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Украина ноќеска со дронови ги нападна Москва и Санкт Петербург

Read more

Бизнис

Топлотните бранови и економијата: Како екстремната топлина влијае врз производството и цените на храната?

Read more

Еврото ослабе, доларот зајакна откако Трамп се закани со 30% царини за ЕУ и Мексико

Read more

Биткоинот за прв пат над 120.000 долари, Трамп: Јас сум крипто-претседател

Read more

Nvidia вреди повеќе од Mercedes, Siemens, Deutsche Telekom и Volkswagen заедно

Read more
 

Вести

НАТО би можел да го освои руски Калининград незамисливо брзо, вели американски генерал

Читај повеќе

Француската војска по повеќе од два века се повлече од Сенегал

Читај повеќе
  • filter

Охридско Езеро крие древна тајна: Ова откритие менува сè што знаеме за Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Зеленски потврди: Преговарам за мегадоговор со Трамп, ова е пресвртница

Читај повеќе
  • filter

Ла Ниња се враќа: Дали нè очекува екстремна зима?

Читај повеќе

Британија ќе ја намали возрасната граница за гласање на 16 години

Читај повеќе

Продолжен рокот за ангажирање на 400 пожарникари: Има силен инетерес

Читај повеќе

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Читај повеќе

Топлотните бранови и економијата: Како екстремната топлина влијае врз производството и цените на храната?

Читај повеќе