Фудбал

Мадридско полуфинале во ЛШ, Јувентус го извлече Монако

21. април 2017 - 12:47 | Макфакс

УЕФА ги извлече полуфиналните двојки во Лигата на шампионите за оваа натпреварувачка сезона.

Ланските финалисти, мадридските ривали, Реал и Атлетико, оваа година ќе играат меѓу себе во полуфиналето.

Втората полуфинална двојка ја формираа Монако и италијанскиот шампион Јувентус.

Полуфиналните средби на програмата се на 2 и 3 мај, а реваншите се на 9 и 10 мај. Финалето ќе се одигра во Кардиф. 

Коментирај