Мадс Микелсен ќе глуми во филмот „Indiana Jones 5“ заедно со Харисон Форд, пишува Variety.
Сè уште не се објавени деталите за сценариото, па не е познато кој лик ќе го глуми Микелсен во филмот.
Според последните информации, премиерата на филмот е закажана за 29 јули 2022 година.