Мадс Микелсен во улога на убиец во трејлерот за „Polar“
Netflix го објави првиот трејлер за новата долгометражна криминална акција наречена „Polar“, базирана на истоимениот серијал на стрипови од авторот Виктор Сантос. Во него се појавува популарниот дански актер Мадс Микелсен, кој во филмот глуми убиец.
Филмот го следи Данкан Визл, убиец познат насекаде околу светот. „Мајсторот-убиец“, како што е наречен во описот на филмот, се враќа од пензија за да се бори против група млади криминалци.
„Polar“ ќе се појави на Netflix на 25 јануари 2019 година.