Како живее петчлено семејство во 28 квадратни метри?
Петчлено семејство од Филипините успеало совршено да се смести во само 28 квадратни метри.
Тими и Лестер живеат во овој стан веќе 4 години со своите три сина. Кога првпат се вселиле, децата биле мали и целиот проект бил многу потежок поради тоа.
Дизајнерката на ентериер Керол Егварас им помогнала да го искористат секој сантиметар од овој стан, почитувајќи ја љубовта кон природата на своите клиенти. Таа истакнува дека најголемите промени во овој стан биле паметни промени кога станува збор за просторот за складирање.
Штом ќе влезете во станот, има тесен шкаф за чевли, така што просторот околу влезната врата е секогаш уреден.
Природните материјали и неутралните бои преовладуваат, а преминот од една соба во друга е обележан со различна боја на ѕидовите.
Тими и Лестер го искористија просторот на ѕидот максимално, па затоа во близина на влезната врата беше поставена декорација која служи и како полица за капи, шешири и чанти.
Во дневната соба има расклоплива софа, која се користи за седење преку ден, додека Тими и Лестер спијат на неа навечер. Наспроти софата има комода за телевизор со многу прегради и фиоки за бројни ситници, додека горе и лево има плакар по нарачка за да може да се смести целиот гардеробер, како и правосмукалка и слични уреди неопходни за секое домаќинство.
Бидејќи семејството често јаде надвор од куќата, не сакале масата да зафаќа многу простор, па затоа се одлучиле за расклоплива маса која најчесто стои заедно во близина на кујната.
Бањата и кујната се мали, но во нив се сместува сè што е потребно за животот на семејство со деца.