По 144 години од почетокот на изградбата Саграда Фамилија ја достигна конечната висина

По речиси од еден и пол век изградба, базиликата Саграда Фамилија во Барселона конечно ја достигна планираната висина.

Ова беше постигнато со поставување на 17-метарски бел крст на врвот на централната кула наречена „Исус Христос“, што означува дека градбата ја достигнала својата предвидена висина и дека целосното завршување на изградбата се очекува во следните десет години.

Главниот архитект Жорди Фаули го изрази своето задоволство за време на настанот што многумина со нетрпение го очекуваа.

„Денес беше денот што го чекавме. Сè помина добро, многу добро“, рече Фаули.

Според планот на каталонскиот архитект Антони Гауди, крстот има четири краци, што овозможува да се препознава од која било насока.

Remote video URL

Внатрешноста на кулата е сè уште во изградба, додека надворешноста останува под скелиња, кои треба да се отстранат пред големото отворање во јуни, кое ќе ја одбележи 100-годишнината од смртта на Гауди.

Кулата „Исус Христос“, која сега се издига 172,5 метри над градот, е една од 18-те кули првично замислени од Гауди.

Гауди работел на базиликата од 1883 година до неговата смрт во 1926 година. Папата Лав е поканет да претседава со комеморативната миса и церемонијата на отворање на кулата следното лето.

Милиони туристи секоја година го посетуваат овој симбол на Барселона, а приходите од влезниците помагаат во финансирањето на понатамошни градежни работи.

реклама

Како да направите помфрит во рерна, а да биде како пржениот во фритеза?

Read more

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Read more

Нови детали: Поранешниот началник на белградската полиција ја намамил жртвата во ресторанот

Read more

Половните автомобили поскапуваат и до 500 евра

Read more

Архитектура

Казахстанците градат чудо од град вредно 20 милијарди долари, објавија како ќе изгледа

Read more

По 144 години од почетокот на изградбата Саграда Фамилија ја достигна конечната висина

Read more

Најубавите железнички мостови во светот: Меѓу инженерските чуда е и мостот од Хари Потер

Read more

Топ 15 џиновски светилници

Read more
 

Магазин

Бележник стар 800 години пронајден во средновековен тоалет во Германија

Читај повеќе

Колку вода треба да пиете дневно за да ослабете?

Читај повеќе

Колку треба да трае сексот? Подолго отколку што си мислите

Читај повеќе

Како да направите помфрит во рерна, а да биде како пржениот во фритеза?

Читај повеќе

Дали се задишувате кога се качувате по скали?

Читај повеќе

Dontodent паста за заби за 49 денари е само почеток: во dm ве очекува широк избор производи по секогаш поволни цени

Читај повеќе

Зошто слабеењето е тешко за жените над 40 години, дури и кога редовно вежбаат?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 18 до 24 мај 2026 година

Читај повеќе

Кој суплемент никогаш не треба да го земате со чај или кафе?

Читај повеќе