Станови од 9m² за 500 евра месечно: Како изгледа животот во најскапиот град во светот?

Во град каде што секој квадратен метар вреди злато, луѓето пронајдоа начин да живеат во простор кој на прв поглед изгледа речиси нереален.

Хонгконг, познат по своите облакодери и неонски светла, крие и архитектонско чудо кое е истовремено фасцинантно и застрашувачко. Во квартот Квори Беј, постои станбен комплекс кој мештаните со љубов, но и со доза на иронија, го нарекуваат „Чудовиштето“.

Не станува збор за една зграда, туку за пет меѓусебно поврзани блокови во кои живеат околу 10.000 луѓе. Целиот комплекс вклучува повеќе од 2.000 станови, а сцените наликуваат на сцени од футуристички филмови.

Иако Хонгконг со години е на листата на најскапи градови во светот, релативно прифатливо сместување може да се најде токму тука. Владата го изгради овој комплекс во 1960-тите години со цел да обезбеди станови за семејства и поединци со скромни приходи. Така се создадоа мали, функционални станови, каде што животот се одвива на само неколку квадратни метри.

На социјалните мрежи и YouTube каналите можете да најдете многу приказни за луѓе кои решиле да му го покажат на светот својот живот во „Чудовиштето“. Меѓу нив е и Ешли Ким, која поминала неколку месеци во стан од само девет квадратни метри. Иако звучи невозможно, таа го претворила тој мал простор во дом со кревет, работен агол, мини-кујна и остава.

Цената на ваквите станови започнува од неколку стотици евра месечно, што е вистинска реткост во споредба со просечните цени во Хонгконг. За многу жители, ова не е само практично решение, туку и начин да останат во градот кој никогаш не спие, без оглед на високите трошоци за живот.

Во „Чудовиштето“, секојдневно се испреплетуваат илјадници приказни, од семејства кои живеат таму со децении, до млади професионалци кои го бараат своето место во еден од најдинамичните градови во светот. Погледнете како изгледаат станови од само 9 квадратни метри:

Remote video URL
Тагови
реклама

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Read more

Денвер на смешен начин ја одбил понудата на Панатинаикос за Јокиќ летово

Read more

Трамп потпиша: Отсега па натаму, за деца се препорачуваат само 11 вакцини

Read more

Како да препознаете дека сте под премногу стрес: Обрнете внимание на неколку знаци

Read more

Архитектура

Како живее петчлено семејство во 28 квадратни метри?

Read more

Што да очекувате ако нарачате монтажна куќа од Кина преку интернет?

Read more

Казахстанците градат чудо од град вредно 20 милијарди долари, објавија како ќе изгледа

Read more

По 144 години од почетокот на изградбата Саграда Фамилија ја достигна конечната висина

Read more

Магазин

Што се случува со шеќерот во крвта кога јадете лубеница?

Читај повеќе

Како да препознаете дека сте под премногу стрес: Обрнете внимание на неколку знаци

Читај повеќе

Звукот од вашиот клима уред честопати најавува скапа поправка

Читај повеќе

Колку пати дневно треба да ја храните вашата мачка?

Читај повеќе

Венера затвора тешко поглавје за 3 хороскопски знаци на 10 август

Читај повеќе

Трчање на лента или на отворено: Што е подобро за кондиција?

Читај повеќе

5 грешки поради кои немате напредок и ризикувате повреда при вежбање

Читај повеќе

Валкани плажи, лоши домаќини: 4 земји во кои туристите не би се вратиле ни бесплатно

Читај повеќе

Неделен хороскоп од 10 до 16 август: Кој знак го очекува голема промена?

Читај повеќе