Дабарите можат да помогнат во гаснењето пожари и тоа не е нивната единствена предност

Дури и во области каде што пожарите и сушата се помалку веројатни, повторното населување на дабарите веројатно би донело слични придобивки, велат истражувачите.

Разорните топлотни бранови, заедно со недостатокот на врнежи од дожд, ги поттикнаа историските пожари што зафатија делови од Франција и Шпанија и не покажуваат знаци на забавување.

Стотици илјади луѓе ги напуштија своите домови, во една од најголемите евакуации во Европа по Втората светска војна.

Европската комисија го активираше својот систем за итен одговор за да ги поддржи овие две земји. Сепак, капацитетот на ЕУ за гаснење пожари се бори да го одржи чекорот со зголемениот интензитет на пожарите, кои веќе зафатија повеќе од 80.000 хектари во Шпанија и 42.000 хектари во Франција.

Како екстремната топлина предизвикува пожари?

Стравот од нови пожари расте додека поголемиот дел од Европа се подготвува за уште поекстремни температури.

Дури и неколку дена високи температури можат да го зголемат ризикот од пожари бидејќи влагата испарува од тревата, грмушките и другата вегетација, што ги прави полесни за палење.

Кога вегетацијата се суши, мала искра (како онаа од скара или фрлена цигара) може да запали голем пожар што брзо се шири.

Сувата почва дополнително го влошува проблемот и го отежнува гаснењето.

Сепак, едно животно кое некогаш се сметало за штетник би можело да биде тајно оружје во борбата против смртоносните пожари.

Можат ли дабрите да помогнат во спречувањето на пожари?

Во есента 2020 година, по долга суша, во шумите на Колорадо избувна шумски пожар. Подгреан од силни ветрови, пожарот се прошири низ Националниот парк „Роки Маунтин“, затворајќи ги главните патишта, уништувајќи стотици домови и покривајќи ја областа со густ чад.

Подоцна, снимките од воздух покажаа дека огромни шумски површини биле претворени во пепел. Сепак, зелена оаза останала околу уништената област, сето тоа благодарение на дабарите.

Дабарите градат брани, копаат канали и ги претвораат малите потоци во огромни  мочуришта. Ова им помага на растенијата да останат бујни и зелени, дури и за време на долги периоди на суша.

Поради ова, кога ќе избувне пожар, вегетацијата во близина на езерце со дабари многу потешко гори.

Пожарот се шири низ сува вегетација, заобиколувајќи ги влажните области околу живеалиштата на дабарите.

Ова создава безбедни засолништа за животни што не можат да избегаат, како што се жаби, мали цицачи и риби.

Студија од 2020 година, симболично наречена „Дабарот Смоки“, користеше податоци за вегетацијата од пет големи пожари во западниот дел на САД за да истражи како дабарите придонесуваат за создавање поотпорни екосистеми.

Областите со брани за дабари биле „релативно недопрени“ во споредба со областите без нив. Во просек, здравјето на растенијата во областите без дабари се влошило околу трипати повеќе за време на пожарот отколку во областите каде што живеат животните.

Подоцнежна студија, објавена минатата година, го моделира потенцијалното влијание на дабарите во планинскиот венец Сиера Невада во Калифорнија, регион кој е многу подложен на суша и шумски пожари.

Студијата проценува дека браните од дабари можат да соберат вкупно околу 120 милиони кубни метри површинска вода и да создадат околу 2.200 квадратни километри противпожарни површини.

„Дури и во области каде што пожарите и сушата се помалку веројатни, повторното воведување на дабарите веројатно би донело слични придобивки“, се вели во него.

Можат ли дабрите да помогнат во санирањето на пожарите?

Откако истражуваа како дабарите можат да го спречат ширењето на шумските пожари, научниците се обидоа да утврдат дали тие се корисни и во обновувањето на пејзажите по катастрофа.

Истражувачите изградиле вештачки брани во изгорени области во планините западно од Форт Колинс, Колорадо, за да го проучат нивното влијание врз обновата на екосистемот и квалитетот на водата.

Се надеваат дека вештачките брани ќе го забават протокот на вода и ќе ѝ дозволат да се шири низ поплавните рамнини, со што ќе се таложат седименти и ќе се подобри квалитетот на водата.

Исто така, се испитува дали забавувањето на водата може да задржи повеќе јаглерод и азот во горните делови на потоците.

Иако првичните резултати укажуваат на подобрувања во квалитетот на водата, тимот сега проценува дали овој пристап е применлив на поголем обем.

Враќањето на дабарите во Европа

Некогаш речиси изумрени поради лов, дабарите доживеаја големо закрепнување во последните децении благодарение на законските мерки за заштита и зачувување.

Помеѓу 1960 и 2016 година, популацијата на европски дабари пораснала за дури 16.000% (без Русија) и денес брои повеќе од 1,2 милиони единки.

Овие глодари сега живеат на многу поширока област отколку порано, а нивниот опсег се зголемил за околу 835% помеѓу 1955 и 2020 година. Ова значи дека низ целиот континент ќе се појават повеќе природни бариери против пожари, но ќе има и дополнителни придобивки како што се заштита од поплави и почиста вода.

Во Македонија дабари има многу малку и најчесто луѓето среќавајќи видра или нутрија мислат дека виделе дабар.

Тагови
реклама

Никој повеќе не сака вакви станови: До пред само 10 години беа хит

Read more

Исчистете ги фугите со само две состојки: Трик што ќе ви заштеди часови рибање

Read more

Крај на клупските уцени: ФИФА го менува Член 17 поради случајот со Хулиан Алварес

Read more

Доктор објасни зошто 39-годишниот Ѓоковиќ повраќа на теренот

Read more

Чек дис аут

99,999% од златото на Земјата е на едно место - и не можеме да стигнеме до него

Read more

Првиот ќебапомат поставен во Хрватска: Ќебапи достапни 24 часа дневно

Read more

Сингапурец украл милиони во биткоини, купувал вили и се расфрлал со луксуз по клубови

Read more

10 места што биле испразнети и напуштени преку ноќ

Read more

Магазин

Гастроентеролог споделува едноставна вечерна рутина за здрави црева

Читај повеќе
  • filter

„Фустанот за одмазда“ на принцезата Дијана ќе се продава на аукција

Читај повеќе
  • filter

Никој повеќе не сака вакви станови: До пред само 10 години беа хит

Читај повеќе

Дали треба да јадете три главни оброци дневно?

Читај повеќе

Септември на море: Колку ќе ве чини одмор во Црна Гора?

Читај повеќе

Кое овошје може да го јадете дури и ако внимавате на шеќерот во крвта?

Читај повеќе

Дали треба да одбегнувате земање пробиотски суплементи?

Читај повеќе

Три знаци дека не се туширате доволно често

Читај повеќе

Венера денеска влегува во Скорпија: Ја потпалува љубомората, ги враќа бившите

Читај повеќе