Џеј Ло, ти си?!

Сирена Ен Кваст (Фотографија: Канцеларија на шерифот на округот Рајт)

Фотографија од досието при апсење на жена од Минесота стана хит на социјалните мрежи поради нејзината неверојатна сличност со Џенифер Лопес.

Сирена Ен Кваст (35) била уапсена под обвинение за тешка кражба, откако наводно украла две дупли пакувања батерии за електричен алат – во вредност од 578 долари – од продавница во Монтичело на 30 август, според официјалните документи.

Покрај самиот инцидент, главна тема на разговор стана фотографијата направена по апсењето. Фотографијата, објавена од Канцеларијата на шерифот на округот Рајт, предизвика бурна реакција на интернет бидејќи Кваст неверојатно личи на актерката и поп-икона Џенифер Лопес.

Корисниците на социјалните мрежи се шегуваа за сличноста, признавајќи дека морале подобро да погледнат, мислејќи дека е уапсена познатата пејачка.

„Дефинитивно мислев дека ова е Џеј-Ло“, напиша еден корисник, додека друг коментатор додаде: „Ако ова навистина беше Џеј-Ло, требаше да ја обвинат за кражба на вокали“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Сепак, нејзиното криминално досие е далеку помалку забавно од фотографијата. Официјалните податоци покажуваат дека Кваст била апсена десетици пати.

Нејзината листа на претходни прекршоци и кривични дела вклучува поседување дрога, возење под дејство на алкохол или дрога, кражба, лажно претставување, бегање од полиција, возење без важечка возачка дозвола и неовластен упад на имот. Кваст била пуштена на слобода еден ден по нејзиното последно апсење. Само два дена пред овој инцидент, вработен во истата продавница пријавил дека женско лице, подоцна идентификувано како Кваст, ги зело батериите и побегнало со бел автомобил Subaru. Тој ѝ дал на полицијата детален опис на возилото и регистарските таблички, објави локалниот медиум Watch MN.

реклама

Знаете ли што претставува малата дупка што се наоѓа во речиси секој мијалник?

Read more

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Read more

Чек дис аут

Мистеријата на кучињата од Чернобил: Има докази за забрзана природна селекција

Read more

Размена на панталони на аеродром

Read more

Италијански готвач одбил да стави ананас на пица, ресторанот го отпуштил

Read more

Фасцинантно откритие: Со CT скенер провалиле шифра од катанец од брод што потонал во XVI век

Read more

Магазин

Знаете ли што претставува малата дупка што се наоѓа во речиси секој мијалник?

Читај повеќе

Кои компири се најдобри за пире и зошто треба да се варат нелупени?

Читај повеќе

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Читај повеќе

Што (НЕ) треба да правите за време на ретрограден Меркур?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мистеријата на кучињата од Чернобил: Има докази за забрзана природна селекција

Читај повеќе

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Читај повеќе

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Читај повеќе

Дали носењето градник додека спиете го спречува опуштањето на градите?

Читај повеќе

3 хороскопски знаци ќе почувствуваат големо финансиско олеснување од 6 ноември

Читај повеќе