Руската инфлуенсерка Маријана Баруткина го скрши 'рбетот откако се обиде да го направи виралниот „предизвик со штикли“ инспириран од Ники Минаж и нејзиното клекнување во музичкото видео за песната „High School“.
32-годишната Баруткина се обидела да го направи предизвикот на кујнска работна површина, балансирајќи на тегла со храна за бебиња додека носела чевли со високи потпетици.
Предизвикот е инспириран од познатата поза на Ники Минаж во музичкото видео за нејзината песна „High School“. Во видеото, раперката чучнува во потпетици покрај базен со едната нога прекрстена преку другата, чудесно балансирајќи.
Баруткина, која е од Екатеринбург, Русија, се породила само 8 недели пред да се обиде да го направи предизвикот. Видео снимката од несреќата стана вирална, на која се гледа како се обидува со трикот пред да падне наназад од кујнскиот пулт и да се сруши.
Несреќата предизвикала фрактура на 'рбетот, објави The Sun.
„Решив да започнам блог, моето прво снимање содржини - и еве ме, ја напуштам лекарската ординација со дијагноза“, напиша Баруткина на Instagram, додавајќи: „Иронија? Карма? Или едноставно живот, кој секогаш ја тестира нашата сила во најнеочекуваниот момент“.
Несреќата предизвика негативни реакции на социјалните мрежи, а во објава, Баруткина, размислувајќи за вниманието што го привлече нејзиното видео, ги нападна корисниците кои ја доведуваа во прашање нејзината физичка подготвеност како мајка, велејќи дека на нејзиниот син ништо не му недостасува.