Ја реновирале куќата и откриле нацистички бункер со морничава порака

Кога Шон Талиер (35) и неговата сопруга Керолајн (32) почнале да ја реновираат куќата во октомври 2021 година, не можеле да замислат какво изненадување ги чека.

Под нивниот дом на островот Гернзи, близу брегот на Нормандија, се криел огромен нацистички бункер од Втората светска војна!

Парот го открил масивниот комплекс со две големи простории, пренесува Daily Star.

Талиер знаел дека островот бил под германска окупација во периодот 1940-1945 година, кога нацистите ги претвориле Каналските Острови во воени тврдини. Сепак, не очекувал да најде бункер токму под својот дневен престој.

„Знаев за бункерите по островот, но никогаш не би помислил дека еден се наоѓа под мојата дневна соба“, изјавил тој за локалните медиуми.

Претходната сопственичка, гледајќи фотографии од куќата на Facebook, го прашала парот дали ги пронашле просториите под темелите, откривајќи дека како деца си играле таму пред нивниот татко да ги затрупа со земја.

Парот ангажирал багер и отстранил десетици тони земја, по што откриле бетонски влез во бункерот.

Кога слегле внатре, останале без здив. Внатре имало две простории со димензии 5×3 и 5×6 метри, поврзани со коридор долг 9 метри. Бункерот се наоѓал на 8 метри длабочина.

Внатре пронашле стари шишиња, излез во случај на опасност, но и застрашувачки пораки испишани од нацистите за време на Втората светска војна. Особено внимание им привлекла пораката: „Внимание, непријателот слуша“ (Achtung, Feind hört mit).

„Ова не се само неколку простории, ова е историја. Студено, влажно и застрашувачко сведоштво за она што луѓето го поминувале тогаш“, вели Шон.

Парот планира да го претвори бункерот во просторија за забави — со билјард сала и мини-теретана, при што ќе вградат 80 тони бетон за да ги обезбедат ѕидовите и скалите. Пораките на германски јазик планираат да ги зачуваат и реставрираат со калиграфија.

„Керолајн сака да ја завршиме куќата, но јас ветив забавa за Ноќта на вештерките во бункерот“, се пошегувал Шон. „Морам да го исполнам тоа ветување.“

Тагови
реклама

Најголемите градови во Југославија - денес

Read more

Колку кафиња дневно прават штета на бубрезите?

Read more

Изгореното тело на исчезната тиктокерка најдено во лозје во Франција

Read more

Apple испрати итно предупредување во 110 земји: Веднаш проверете го вашиот iPhone 

Read more

Чек дис аут

Французин копал дупка за базен и нашол злато вредно 800.000 евра

Read more

Најголемите градови во Југославија - денес

Read more

Кој навистина бил Хомер: Поет, неколку луѓе или само неверојатен мит?

Read more

Се ближи крајот на светот што го предвидел Исак Њутн

Read more

Магазин

  • play_arrow

Шпагети ала путанеска - готови за помалку од половина час

Читај повеќе

Може ли какаото да ви го подобри расположението? 

Читај повеќе

Каде ќе пливате во најчисто море во Европа?

Читај повеќе

Што се случува со шеќерот во крвта кога прескокнувате оброк?

Читај повеќе

Кои знаци од кинескиот хороскоп ги очекува животен џекпот од 19 август?

Читај повеќе

Французин копал дупка за базен и нашол злато вредно 800.000 евра

Читај повеќе

Колку кафиња дневно прават штета на бубрезите?

Читај повеќе

Кога протеините може да предизвикаат подуеност?

Читај повеќе

Трик за сечкање лук: Додадете малку од една состојка и сечкањето ќе биде многу полесно

Читај повеќе