Како изгледа најмалата земја што игра на Светско: Курасао е карипски рај со европски потпис

Курасао ја држи титулата најмала земја што некогаш се квалификувала за Светското првенство, а оваа островска нација со 150.000 жители ги комбинира карипските плажи и европската култура.

Со површина од само 444 километри квадратни и население од нешто над 150.000, таа е автономна земја во рамките на Кралството Холандија, сместена во јужниот дел на Карипското Море, во близина на брегот на Венецуела.

За потеклото на името на оваа земја има неколку теории, а ниту една не е со сигурност потврдена. најстарите записи доаѓаат од 16 век од шпанските освојувачи кои на своите карти овие острови ги запишале како Курасоте, Курасаоте и Курасаоре. Она што е сигурно е дека локалните жители земјата си ја викаат Корсоу (Kòrsou).

Знамето на Курасао

Она што го прави Курасао посебен е неговата неверојатна мешавина од култури. Тоа е мешавина од карипски ритми, холандска колонијална архитектура и богато афро-карипско наследство. Повеќето жители зборуваат четири јазици: папиаменту (локалниот креолски), холандски, англиски и шпански.

Главниот град, Вилемстад, е светско наследство на УНЕСКО и изгледа како некој да зел класични холандски згради и да ги обоил во најживописните тропски бои.

Ако ги прашате патниците зошто се враќаат на Курасао, одговорот речиси секогаш е плажите. За разлика од некои други карипски острови, плажите овде не се долги со километри, туку се наоѓаат во мали тиркизни заливи опкружени со карпи.

Најпознатата плажа на островот е Гроте Книп, и е позната по својата нереално сина вода и совршен песок.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by NÔA Curaçao (@noacuracao)

Друга плажа е Пискадо, рај за љубителите на природата каде што посетителите можат да пливаат со дивите морски желки што го населуваат островот.

Невозможно е да се посети островот без да се проба познатиот Blue Curaçao - ликер направен од кора од домородниот горчлив портокал наречен лараха. Но, гастрономската сцена нуди многу повеќе.

Курасао е исто така рај за љубителите на модерната уметност. Некогаш запоставениот и озлогласен округ Схарло во Вилемстад е трансформиран во една од најпосетуваните туристички дестинации благодарение на проект за улична уметност. Локални и меѓународни уметници ги трансформираа фасадите на старите колонијални згради во огромни шарени мурали кои носат силни социјални и културни пораки.

Земјата е позната и по специфична форма на туристички сувенир – фигурини наречени Чичи. Тоа се скулптури на силни, облини афро-карипски жени насликани со шарени мотиви, кои претставуваат гордост, стабилност и улогата на постарата сестра во островското семејство.

реклама

Спа центар на извори стари 80.000 години, ноќевање само 400 денари

Read more

Голем финансиски хороскоп за ЈУЛИ 2026 година

Read more

Клубот му забрани на Белгиецот Дебаст денеска да игра против Шпанија

Read more

Венера влезе во Девица на 9 јули: Што значи тоа за вашиот хороскопски знак?

Read more

Чек дис аут

Топ 10 најголеми историски неточности за кои луѓето мислат дека се вистинити

Read more

Мистерија до денес нерешена: Во 1961 година четири земји изгубија подморници

Read more

Историска приказна: Како Холанѓаните и Англичаните ги трампале Њујорк и Суринам

Read more

Рудар претвори пештера во луксузен стан што го изнајмува за 1.000 долари од ноќ

Read more

Магазин

Вода со лимон: Од хидратација до помош за слабеење

Читај повеќе

Која физичка активност е најдобра за ослободување од болките во грбот?

Читај повеќе

Голем финансиски хороскоп за ЈУЛИ 2026 година

Читај повеќе
  • filter

Латино дивата знае како да привлече внимание: Деколтето на Џеј Ло го „освои“ Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Спа центар на извори стари 80.000 години, ноќевање само 400 денари

Читај повеќе
  • filter

Иуте ги прогласи победниците на IutePay студентскиот иновациски предизвик

Читај повеќе

Кога сувите, испукани пети се знак на болест?

Читај повеќе

5 летни навики што ги влошуваат проблемите со варењето и надуеноста

Читај повеќе

Венера влезе во Девица на 9 јули: Што значи тоа за вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе