Најдолгото патување со воз: Од Португалија до Сингапур низ 13 земји

Рутата, која се протега на повеќе од 11.650 милји, сè уште не е целосно оперативна, но со соодветно планирање, наскоро би можела да стане достапна за патниците кои се желни за глобална авантура со воз.

Пред неколку години беше отворена железничка линија долга 420 километри помеѓу Кина и Лаос, овозможувајќи патување од станицата Мохан во кинеската покраина Јунан до Сингапур, што претставува спектакуларно патување со железница кое трае 21 ден и опфаќа повеќе од 18.750 километри. Започнува во Лагош, Португалија, а завршува во Сингапур, што ја прави оваа железничка рута најдолгото патување со воз во светот.

Деталите за ова патување ги осмисли корисникот на Reddit u/htGoSEVe, а дополнителни пресметки изврши Марк Смит од Seat61.com, поранешен шеф на станицата Черинг Крос во Лондон, со помош на разни железнички институти.

Временската рамка од 21 ден се базира на минимален број ноќевања, потребни проверки на визи и пократки прошетки низ градовите до станиците кои не се директно поврзани - каде што патниците мора да преминат преку град за да продолжат понатаму.

Проценките за трошоците за ова патување варираат, во зависност од времето на резервација, но и од епидемиолошките мерки што сè уште се на сила во поединечните земји. Сепак, повеќето проценки покажуваат дека цената на патувањето се движи помеѓу 1.000 и 1.500 фунти.

Важни мерки на претпазливост

Иако рутата е внимателно испланирана, одредени ограничувања поради фактори како што се моментално затворените линии, на пример на железничката линија Париз-Москва, во моментов може да го направат ова патување технички неизводливо.

Сепак, со доволно планирање, оваа железничка авантура наскоро би можела да стане реалност.

Планот од 21 ден веќе ги зема предвид ноќевањата и проверките на визи, но потребно е однапред да се добијат некои визи и да се обезбеди навремено купување на билети. На пример, возењето од Порто до Варшава трае околу 40 часа, со многу малку паузи, што бара добра организација и подготовка.

Исто така, важно е однапред да проверите каде можете да резервирате билети преку интернет, какви се цените за роаминг кај вашиот мобилен оператор во секоја земја и кога треба да бидете подготвени за следниот чекор од вашето патување.

На крајот, не заборавајте дека 21 ден речиси исклучиво возење со воз е физички и ментално напорно и исцрпувачки. Пред да тргнете, проверете дали сте доволно подготвени, за да можете да го доживеете ова уникатно искуство во неговиот полн сјај.

Авантура од Португалија до Сингапур за 21 ден низ 13 земји

Авантурата започнува на станицата Кампања во Порто, Португалија, со кратко 90-минутно возење до Коимбра, по што следува сериозниот почеток на патувањето: 12-часовно возење низ Шпанија сè до Ендај, на границата со Франција.

Од Eндај патувате со воз до Париз, каде што треба да го поминете градот со метро до станицата Париз-Норд и да фатите брз воз од 3,5 часа до Келн, Германија. Може и воз преку Белгија, со станици во Брисел и Лиеж.

По кратка пауза, следува 10-часовно патување до Варшава, по што следува потенцијално 20-часовно возење до Москва, преку Белорусија, за што е потребна посебна виза.

Легендарната Транссибирска железница започнува во Москва, носејќи ве на 7-дневно возење до Пекинг, Кина. Овој воз сообраќа само двапати месечно, па затоа навремените резервации и добрата подготовка се од суштинско значење.

Од Пекинг, до Ханој, Виетнам, се вози за 39 часа, а потоа до Хо Ши Мин, низ бујни тропски предели, се вози за 32-35 часа.

Поради недостаток на железничка врска помеѓу градот Хо Ши Мин и Пном Пен, овој дел може да се помине со автобус за околу 6 и пол часа. Потоа уште 12-15 часа со автобус до Бангкок, Тајланд.

За последната делница, избирате помеѓу побавен воз низ Малезија или луксузниот, директен Eastern & Oriental Express. И двете опции ќе ве однесат до вашата крајна дестинација - Сингапур.

Клик на сликата за поголема верзија

На крајот од оваа епска рута, со речиси целото патување поминато со воз, останувате да се осврнувате на повеќе од 18.000 километри, 13 земји и 3 недели патување низ историја, пејзажи и култури - и сето тоа без потреба од авион.

Најдолгото патување со воз во светот сè уште не е сосема изводливо

Иако теоретски е можно, целосно патување со воз од Португалија до Сингапур, кое трае 21 ден, сè уште не е практично изводливо. Причините за ова се бројни - од затворени делови од железничките линии до дезинформации што циркулираат за достапноста на одредени рути.

Многу железници, како што е Париз-Москва eкспрес, моментално не работат, а за некои патувања е потребна детална логистика, виза или комбинација со автобуски превоз.

Во зависност од тоа колку флексибилно го толкувате терминот „најдолго патување со воз“, оваа авантура наскоро може да стане реалност.

Доколку сте возбудени од идејата за вакво патување, еве неколку корисни ресурси за да останете информирани:

  • Reddit корисникот u/htGoSEVe, кој прв ја мапираше рутата детално и редовно ја ажурира;
  • Џон Ворт, автор на обемен блог за европските железници;
  • Тим Пајл, кој пишуваше за работите што треба да се видат во земјите долж оваа рута и што да се очекува за време на запирањата по патот.

Засега, сонот за патување од Португалија до Сингапур со воз останува предизвик за планерите, истражувачите и ентузијастите за железница, но со добра подготовка - еден ден би можел да стане реалност.

реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!

Read more

Чек дис аут

Мистеријата на кучињата од Чернобил: Има докази за забрзана природна селекција

Read more

Размена на панталони на аеродром

Read more

Италијански готвач одбил да стави ананас на пица, ресторанот го отпуштил

Read more

Фасцинантно откритие: Со CT скенер провалиле шифра од катанец од брод што потонал во XVI век

Read more

Магазин

Знаете ли што претставува малата дупка што се наоѓа во речиси секој мијалник?

Читај повеќе

Кои компири се најдобри за пире и зошто треба да се варат нелупени?

Читај повеќе

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Читај повеќе

Што (НЕ) треба да правите за време на ретрограден Меркур?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мистеријата на кучињата од Чернобил: Има докази за забрзана природна селекција

Читај повеќе

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Читај повеќе

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Читај повеќе

Дали носењето градник додека спиете го спречува опуштањето на градите?

Читај повеќе

3 хороскопски знаци ќе почувствуваат големо финансиско олеснување од 6 ноември

Читај повеќе