Париз е центар на урбаното пчеларство: Пчелите живеат на крововите на познатите локации

Париз брзо добива репутација како европски центар на урбаното пчеларство. Денес, на покривите на познати згради, хотели, ресторани, но и во приватни дворови и канцеларии има повеќе од две илјади кошници за пчели.

Градските пчели се покажаа како поотпорни и попродуктивни од оние во селата, а нивниот мед се користи за потребите на рестораните, хотелите и домаќинствата.

Меѓу локациите каде што се скриени кошници се катедралата Нотр Дам, Гран Пале, Операта Гарнје, Операта Бастија и Музејот Орсеј.

Особено е интересно што околу 200.000 пчели од покривот на Нотр Дам го преживеаа катастрофалниот пожар во 2019 година.

Некои познати ресторани и хотели, како што се „Tour d’Argent“ или „The Westin“, произведуваат сопствен мед кој станува дел од нивното мени.

Овој тренд сè повеќе го привлекува вниманието на граѓаните, па затоа е можно да се посетуваат и курсеви за пчеларство во рамките на Централното друштво на пчелари, основано во 1856 година.

Парискиот мед се смета за еден од најдобрите примери за одржливост во урбани услови, пчелите не ги вознемируваат минувачите, а производството на мед е органско, без употреба на пестициди.

Пчелите и другите опрашувачи се клучни за три четвртини од растенијата што сочинуваат дури 90% од светската храна, што дополнително ја истакнува важноста на урбаното пчеларство како одговор на глобалната криза со опрашувачи.

реклама

10 август е краен рок: Дали ги заштитивте вашите фотографии на Google Photos?

Read more

Британскиот премиер доби интересен предлог: Европска конфедерација што би ја вклучила и Македонија

Read more

Венера затвора тешко поглавје за 3 хороскопски знаци на 10 август

Read more

Ќе почне ли распаѓањето на Канада? Сепаратистите во Алберта во октомври ќе одржат референдум

Read more

Чек дис аут

Римски брод стар 2.100 години пронајден на дното на морето кај Сицилија

Read more

Чорба вендинг машина

Read more

Оргулите во Халберштат ќе го свират истото дело до 2640 година

Read more

Орки повторно нападнаа едрилица кај Шпанија

Read more

Магазин

Колку пати дневно треба да ја храните вашата мачка?

Читај повеќе

Венера затвора тешко поглавје за 3 хороскопски знаци на 10 август

Читај повеќе

Трчање на лента или на отворено: Што е подобро за кондиција?

Читај повеќе

5 грешки поради кои немате напредок и ризикувате повреда при вежбање

Читај повеќе

Валкани плажи, лоши домаќини: 4 земји во кои туристите не би се вратиле ни бесплатно

Читај повеќе

Неделен хороскоп од 10 до 16 август: Кој знак го очекува голема промена?

Читај повеќе

Како XXI век полека ја губи способноста да мисли?

Читај повеќе

Кога треба да јадете риба за здраво срце?

Читај повеќе
  • play_arrow

Римски брод стар 2.100 години пронајден на дното на морето кај Сицилија

Читај повеќе