Русите први туристи во новото одморалиште во Северна Кореја

Севернокорејското крајбрежно одморалиште Вонсан Калма ја пречека првата група руски туристи оваа недела, објавува BBC.

Одморалиштето беше отворено минатиот месец на раскошна церемонија од страна на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, нарекувајќи го „светски позната туристичка и културна дестинација“.

И покрај помпезната промоција, начинот на кој е изграден комплексот остана обвиен во тајност во земја во голема мера затворена за надворешниот свет.

Според анализата на BBC Verify, која вклучуваше сателитски снимки, интерни документи и интервјуа со експерти и поранешни севернокорејски функционери, постојат сериозни индикации за злоупотреба на работниците за време на изградбата.

Обединетите нации претходно предупредија за системот на принудна работа во Северна Кореја, особено за таканаречените „шок бригади“, во кои работниците работат во исклучително тешки услови, со долги смени и несоодветна компензација.

„Добивме извештаи дека работниците работеле деноноќно во последните денови за да завршат сè, што совршено се вклопува во дефиницијата за шок бригада“, рече Џејмс Хинан од Канцеларијата на ОН за човекови права во Сеул.

Ким Џонг Ун дел од своето детство го поминал во Вонсан, кој бил омилена летна дестинација за севернокорејската елита дури и пред да се изгради новиот одморалиште. Ри Џонг Хо, поранешен висок економски функционер кој учествувал во првичните планови за проектот и пребегал на Запад во 2014 година, тврди:

„Првичната идеја беше да се привлечат околу милион туристи, но во зона затворена за локалното население. Целта беше барем малку да се отвори Северна Кореја кон светот“.

Една година пред да започне изградбата, во 2017 година, Ким испратил делегација од архитекти и функционери во Шпанија за да го разгледаат тематскиот парк, хотелите и пристаништето во Бенидорм.

„Многу снимаа“, се присети Матиас Перес Сач, член на шпанскиот тим кој ги водеше на турнејата.

Според севернокорејската брошура, планирани се 43 хотели, пансион со вештачко езеро и кампови по должината на брегот. Јужнокорејската компанија SI Analytics проценува од сателитски снимки дека околу 80 проценти од објектите биле завршени до крајот на 2018 година, но потоа работата престанала - сè додека не продолжила по состанокот меѓу Ким и Владимир Путин во јуни 2024 година, кога рускиот претседател вети дека ќе ги охрабри руските граѓани да летаат таму.

Доаѓањето на првите руски туристи го означува исполнувањето на тој договор, иако останува нејасно колку посетители всушност ќе привлече дестинацијата, која продолжува да биде оптоварена со извештаи за принудна работа. Според раните документи за планирање, се очекувало повеќето странци да доаѓаат од Русија и Кина.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Иран го возвраќа ударот: Со дронови нападнати американските воени бродови во Оманскиот Залив

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Објавена драматична снимка од упадот на американските маринци на ирански брод

Read more

Чек дис аут

Би пробале сладолед од ракови?

Read more

Откриена точната локација на домот на Шекспир во Лондон

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

Европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“

Read more
 

Магазин

Како Уран во Близнаци oд 20 до 26 април влијае на секој хороскопски знак? 

Читај повеќе

Што се случува во телото ако јадете ист оброк секој ден?

Читај повеќе

Колку се здрави протеинските прашоци?

Читај повеќе

Ослободете се од болките во грбот: Десетминутната рутина што ќе ви го промени животот

Читај повеќе

Психолог тврди дека има едно нешто што ви треба повеќе во врската од љубовта

Читај повеќе

Видови активности што се поефикасни за губење на тежината од пешачењето

Читај повеќе
  • filter

Пролетно освежување: Како да го преуредите домот за малку пари?

Читај повеќе

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Читај повеќе

Десерт на денот: Брза пита пита со јаболка и ореви

Читај повеќе