Сардинија поради демографска катастрофа нуди куќи и за 1 евро

На еден од двата големи италијански острови, Сардинија, многу села и помали градови нудат куќи за едно евро и обезбедуваат пари за започнување семејства и бизниси, но и натаму неумоливо се движат кон целосен демографски колапс.

Сардинија денес е дом на нешто повеќе од 1,5 милиони луѓе, бројка која со децении постојано се намалува.

Покрај намалувањето на населението, многу села и помали населби сега се на работ на истребување, бидејќи младите се селат во големите градови, како што е локалниот Каљари.

Најголемиот проблем за Сардинија е стапката на наталитет, или поточно фактот дека овој остров ја има регистрирано најниската стапка на наталитет во Италија, што е 0,91 дете по жена. За да се одржи стабилно населението, жените би требало да имаат просечно 2,1 дете.

Во едно од селата во Сардинија, Барадили, последното дете е родено пред 10 години, а има население од 76 жители.

Ризикот места како Барадили да станат градови-духови го натера островот да се обиде да привлече нови жители.

Барадили

Брачен пар кој се преселува во село на Сардинија со помалку од 3.000 жители може да добие до 15.000 евра за купување или реновирање на куќа, до 20.000 евра за започнување бизнис што создава локални работни места и месечна субвенција од 600 евра за првото дете и 400 евра за секое дополнително дете додека не наполни 5 години.

Овие стимулации се дел од пакетот против депопулација воведен од регионот. Покрај тоа, постојат и локални итни мерки, како што е понудата на општината Ололаи, која им нуди на новите жители куќи за 1 евро. Сепак, ова не им ги донесе потребните резултати, а сардинските села, како што е Барадали, се соочуваат со сериозни проблеми, пишува Politico.

Пред повеќе од 30 години, селото го затвори своето основно училиште со една училница, каде што локалните деца, на возраст од 6 до 10 години, учеа заедно.

Барадили и околните села се одлучија за ротирачки училишен систем, во кој децата посетуваат настава во три различни села во текот на целата година. Бесплатен автобус ги зема секое утро.

Посета на средно училиште или одење до болница е многу потешко, бидејќи обете служби се оддалечени повеќе од 30 километри.

Друго сардиниско село, Ололаи, стана познато низ целиот свет нудејќи куќи за едно евро. Девет години подоцна, само неколку од 100.000 луѓе кои аплицирале успеале да добијат имот во ова село.

Програмата делува како посредник помеѓу сопствениците на стари куќи, честопати поделени помеѓу различни семејства на наследници, и оние што сакаат да ги добијат за мала сума. Како резултат на тоа, само мал број странски семејства успеале да купат куќа за едно евро.

Ололаи

Во меѓувреме, селото продолжува да губи жители, намалувајќи се од 1.300 кога почна понудата на 1.150 сега.

Студиите покажаа дека куќите од едно евро сами по себе не се доволни, исто како што стимулациите за раѓање деца не се доволни, за да се свртат ефектите од демографскиот колапс.

Исто така, се покажа дека новите сопственици понекогаш одлучуваат да препродадат имот од едно евро по истата цена по која го купиле, бидејќи не можат да си дозволат повисоки трошоци за реновирање од очекуваните или не се задоволни од својот избор.

реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Чек дис аут

Сингапурец украл милиони во биткоини, купувал вили и се расфрлал со луксуз по клубови

Read more

10 места што биле испразнети и напуштени преку ноќ

Read more

Маж предизвикал инцидент на лет на American Airlines, патници го совладале и го залепиле за седиште

Read more

Истанбул е дом на најдобрата зелена библиотека во светот

Read more

Магазин

Предмети што не треба да се мијат со топла вода: Може трајно да ги оштетите

Читај повеќе

Како да го подготвите вашето куче за долго патување?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Сингапурец украл милиони во биткоини, купувал вили и се расфрлал со луксуз по клубови

Читај повеќе

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Читај повеќе

Како да ги изберете најдобрите пиперки за ајвар? Обрнете внимание на 3 работи

Читај повеќе

Кои додатоци во кафето го забавуваат метаболизмот?

Читај повеќе

Една состојка помага оризот да не се лепи за тенџерето

Читај повеќе

Што ни се случува во мозокот по 10 минути бавно трчање?

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го носите телефонот во WC?

Читај повеќе