Островот Креван (Corte del Vano) од 5.700 квадратни метри во Венецијанскиот Залив, во Јадранското море, на околу седум километри од Венеција, е ставен на продажба.
Островот содржи тврдина од Наполеоновите војни која е претворена во приватна резиденција, објавува австриската агенција APA.
Два приватни пристаништа овозможуваат пристап до островот со брод.
Според агенцијата за недвижности Lionard Luxury Real Estate, имотот наликува на голема градина на вода. Се состои од украсни дрвја, украсни растенија и овошни дрвја. Патеките на копното нудат поглед на островите Бурано и Торчело.
Цената на островот сè уште не е објавена.
🚨 To all real estate lovers out there
— Mambo Italiano (@mamboitaliano__) August 25, 2026
Italy 🇮🇹: an entire island in Venice is for sale for $6.42 million!
The Island of Crevan, in the Venetian lagoon, comes with idyllic gardens and a restored 19th-century Napoleonic fort
With 61,350 sq ft of surface area, this private oasis… pic.twitter.com/jk492AHUmE
За време на Наполеоновите војни, на Креван во 1806 година било изградено утврдување кое подоцна било проширено за време на австриската администрација, или поточно Кралството Ломбардија-Венеција.
Островот, заедно со Венеција, стана дел од Кралството Италија во 1966 година. Ја задржа својата воена функција до крајот на Првата светска војна.
Подоцна, Креван премина во приватна сопственост и беше претворен во резиденција. Од 1996 година, тој е опширно реставриран, со цел да се зачува оригиналната архитектура на тврдината, а воедно да се обезбеди модерен комфор на живеење.
Куќата денес има четири спални соби и две бањи, како и електрична енергија, вода, греење и климатизација.
Имотот е отворен и за пренамени. Според агенцијата за недвижности, помошните простории, вклучувајќи ги и собите на стражарот, би можеле да се пренаменат во дополнителен простор за живеење.
Името Креван доаѓа од каналот со исто име што го опкружува островот. Според локалната традиција, името е поврзано со францискански монах кој бил вклучен во реконструкцијата на блискиот манастир Сан Франческо дел Дезерто.