Тиктокери спроведоа луд план: Се криеле во тоалет 27 часа и бесплатно го гледале ЛШ финалето

Двајца Белгијци, популарни на социјалната мрежа TikTok, минатиот викенд поминале 27 часа заклучени во тоалет на стадион за бесплатно да го гледаат финалето на Лигата на шампионите.

Нил Ремери и Сене Хавербеке гледаа ПСЖ како го демолира Интер со 5:0 и ја освои својата прва европска титула во својата историја.

Но, за разлика од десетици илјади други навивачи, Нил и Сене не платија за билети. Наместо тоа, се скриле во тоалетите на „Алианц Арената“ во Минхен за бесплатно да го гледаат натпреварот.

Дуото се протнало во стадионот во Минхен и се заклучило во тоалетот. На вратата залепиле знак „не е во употреба“, кој го направиле самите, за да не го користи персоналот на стадионот.

Таму поминаа 27 часа, обидувајќи се да бидат тивки за никој да не ги открие. Нивниот план вроди со плод.

„Имавме ранец полн со грицки и игравме игрици на телефоните за да го поминеме времето. Светлата беа постојано вклучени, а седењето беше непријатно, па спиењето беше речиси невозможно. Тоа беше тежок предизвик и физички и ментално“, изјави Ремери за VRT News.

Штом слушнале дека навивачите го наполниле стадионот и почнале да ги користат тоалетите, решиле да излезат од своето скривалиште. Без никакви проблеми го поминале обезбедувањето и се приближиле до групата од 86.000 навивачи кои го гледаа натпреварот во живо на „Алианц Арена“.

Нил Ремери и Сене Хавербеке случајно се нашле во делот со најстрасните навивачи на ПСЖ, и бидејќи резултатот беше во корист на тој тим, одлично се забавуваа.

Во меѓувреме, навивачите кои влегоа преку конвенционалните начини платија помеѓу 90 и 950 евра за билети.

@neal_senne Inbreken Champions League Finale ⚽️🏆 #fyp #foryou #fy #voorjou #belgium #belgie #viral #nederland #netherlands #championsleague ♬ origineel geluid - Neal & Senne
реклама

Која е Дара, Бугарката која победи на 70. Евровизија?

Read more

18-годишно момче убиено со пиштол во шума кај Сарај

Read more

Онколози препорачуваат што да појадувате за превенција од рак

Read more

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Read more

Чек дис аут

Нови снимки: Северна Кореја каква што никогаш порано не сме ја виделе

Read more

ChatGPT реши проблем што ги мачи математичарите веќе 60 години

Read more

Зошто Романија зборува латински јазик додека е опкружена со словенски нации?

Read more

Викиншката трговија со робови била поголема од африканската во Америка

Read more
 

Магазин

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Читај повеќе

Онколози препорачуваат што да појадувате за превенција од рак

Читај повеќе

Црниот чај може значително да го намали ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

Како оризовите крекери влијаат на шеќерот во крвта?

Читај повеќе

Што се случува со црниот дроб кога пиете кафе секој ден?

Читај повеќе

Немате време за вежбање? Само 5 минути активност можат да ви бидат од корист за здравјето

Читај повеќе

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Читај повеќе

Работи што треба да ги знаете ако пиете кафе веднаш по будењето

Читај повеќе

Карактерот, средината и моќта на вистинските тимови

Читај повеќе