Запознајте ја земјата што ја сопре Шпанија: Зелен ’Рт е скриен бисер на Атлантскиот Океан

Зелен 'Рт напиша една од најубавите спортски приказни во последните години, квалификувајќи се за Светското првенство за прв пат во историјата.

Оваа мала островска нација во Атлантскиот Океан, со население од половина милион, постигна историски успех и стана една од најголемите сензации на квалификациите за Светското првенство. А, со сензација продолжи и на мундијалското деби откако одигра без голови против актуелниот европски шампион Шпанија.

Зелено'ртските Острови, односно Зелен 'Рт, како што на македонски официјално се викаат, се една од најинтересните островски нации на африканскиот континент. Станува збор за поранешна португалска колонија чиј народ зборува зелено'ртски креолски јазик, кој потекнува од португалскиот, а својата земја за нарекува Кабу Верди. Независност од Португалија изборила на 5 јули 1975 година.

Сместена во Атлантскиот Океан, на околу 620 километри од брегот на Сенегал, оваа земја го привлекува вниманието на своите посетители со прекрасните плажи, топлата клима и богатата култура.

Земјата се состои од десет поголеми острови од вулканско потекло, од кои секој има свои особености. Главниот град Праја се наоѓа на островот Сантјагу, кој е воедно и најнаселениот дел од земјата. Зелен 'Рт се познати по својата стабилна политичка ситуација и растечкиот туристички сектор, поради што многумина ја нарекуваат една од најуспешните африкански земји.

Островот Фогу е посебна туристичка атракција, дом на активниот вулкан Пику ду Фогу, највисокиот врв во земјата. Покрај вулканскиот пејзаж, посетителите можат да уживаат во долги песочни плажи, кристално чисти води и разни активности како што се сурфање, нуркање и едрење.

Културата на Зелен 'Рт е мешавина од африкански и европски влијанија. Традиционалната музика морна, донесена на глобалната публика од легендарната пејачка Сезариа Евора, се смета за еден од најважните симболи на националниот идентитет.

И покрај предизвиците како што се недостатокот на природни ресурси и ограничената свежа вода, Зелен 'Рт бележи значителен економски раст во последниве години. Туризмот, услужните индустрии и инвестициите од дијаспората се клучни двигатели на развојот на оваа островска нација.

@mayaharrisson Santo Antao, cabo verde 🇨🇻 #caboverde#santoantao#capvert#africa#afrique#travel#exploremore#travelers#beach#outdoors#tiktoktravel#pourtoi#foryou#fy#pt#landing#nature#earth#airplane#bestdestinations#vlog#blog#influencer ♬ Nha Terra - Soraia Ramos

Благодарение на својата единствена мешавина од природни убавини, културно наследство и гостопримливи луѓе, Зелен 'Рт е сè повеќе на листата на посакувани туристички дестинации за патници од целиот свет.

Знамето на Зелен 'Рт
реклама

Метеорит што проби покрив на куќа во Њу Џерси би можел да содржи индиции за потеклото на животот

Read more

Зошто повеќето денешни бензинци имаат 1,5 турбо мотор: Не е случајно

Read more

Урнал ѕид од подрум поради исчезнати кокошки, а зад него пронашол град стар илјадници години

Read more

По серија американски напади се урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај

Read more

Чек дис аут

Урнал ѕид од подрум поради исчезнати кокошки, а зад него пронашол град стар илјадници години

Read more

Малта руши рекорди: 7 туристи по жител, метежот е неверојатен

Read more

Хрватски остров со векови знае како да се бори со екстремната топлина

Read more

Топ 10 најголеми историски неточности за кои луѓето мислат дека се вистинити

Read more

Магазин

Пржени цветови од тиквички по италијански рецепт

Читај повеќе

Најдобрата храна за забрзување на метаболизмот за повеќе енергија и здрава тежина

Читај повеќе

Највалканото место во кујната што многу луѓе забораваат да го исчистат

Читај повеќе

Урнал ѕид од подрум поради исчезнати кокошки, а зад него пронашол град стар илјадници години

Читај повеќе

Фрлете ги компирите што е можно поскоро ако забележите одредени знаци

Читај повеќе

Научниците открија природен начин што може за 20% да ја зголеми издржливоста за време на тренинг

Читај повеќе

Зошто не треба да го разладувате вашето куче со истурање ладна вода врз него?

Читај повеќе

Како да се реши проблемот со лупење на бојата од ѕидовите?

Читај повеќе

Кои цвеќиња сакаат пиво? Истурете малку во саксија и гледајте ја моќната промена што ќе се случи

Читај повеќе