Зошто речиси никој не живее во Западна Австралија?
Западна Австралија е втората по големина административна единица на Земјата, со приближна големина на Западна Европа, и зафаќа огромен дел од австралискиот континент. Но, иако зафаќа околу една третина од Австралија и има огромна крајбрежна линија, таа е исклучително ненаселена. Додека на источниот брег на Австралија има голем број значајни градови, на западниот брег се наоѓа само Перт, поради што остатокот од Западна Австралија изгледа речиси како пуст, напуштен крај. Па, тогаш зошто повеќе Австралијците не живеат во Западна Австралија, кога таа, всушност, е поблиску до сè?