Ако многу сакате да трчате: Што екстремните вежби му прават на вашиот мозок?

Ф.З.
/ 10.04.2025 / 15:56

Научници спровеле истражување на исклучително физички активни луѓе и дошле до интересни наоди.

Новото истражување на екстремно физички активни луѓе покажува дека мозокот има еден вид метаболичка безбедносна мрежа кога нивото на гликоза паѓа многу ниско.

Една неодамнешна пилот студија покажува дека човечкиот мозок може да го разложи сопственото масно ткиво за енергија кога е лишен од гликоза, нудејќи нови сознанија за неговата невропластичност.

Шпанските невронаучници го испитувале мозокот на 10 маратонци (8 мажи и 2 жени) пред и по трка на 42 километра. Нивните наоди сугерираат дека кога нивото на гликоза ќе падне критично ниско, невроните може да почнат да го трошат миелинот - масната обвивка што ги опкружува нервните влакна.

Една шпанска група научници забележала значително намалување на миелинот во белата маса на мозокот, особено во регионите поврзани со моторната контрола, сензорната обработка и емоционалната интеграција.

„Нашите наоди може да отворат нова перспектива за миелинот како енергетска резерва подготвена за употреба кога на мозокот му недостасуваат нормални хранливи материи“, објаснија авторите на студијата, објавена во списанието Nature Metabolism.

Во рок од 24-48 часа по трката, нивото на миелинот значително се намалил. Сепак, две недели подоцна, миелинските маркери почнале да се опоравуваат и се стабилизирале во текот на два месеца кај шесте учесници на кои продолжиле да им го скенираат мозокот.

Шпанските научници предлагаат дека миелинот делува како метаболичка безбедносна мрежа која му овозможува на мозокот, кога му недостасува гликоза, да црпи енергија од избраните области, додека го зачувува поголемиот дел од својата бела материја. Ова е во согласност со минатите студии на глувци кои покажаа дека миелинот може да послужи како резерва на маснотии кога гликозата е ниска.

Губењето на миелинот е поврзано со невролошки нарушувања како мултиплекс склероза. Иако големината на примерокот во гореспоменатата студија е мала, таа сугерира механизам за преживување кој можеби бил клучен за човековата еволуција, дозволувајќи им на учесниците да изведуваат трчање на издржливост додека ја одржуваат когнитивната функција.

Ова може да го објасни и привремениот когнитивен пад забележан кај тркачите веднаш по маратонот.

Истражувањето на шпанските научници може да се погледне тука.

реклама

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Read more
Направете домашна пица во тавче по рецепт на Џејми Оливер

По рецепт на Џејми Оливер: Домашна пица во тавче

Read more

Објавени мапи: Како би изгледала Украина според планот на Трамп за завршување на војната?

Read more

Фит

Како да согорите до 500 калории без да стапнете во теретана?

Read more

Најчести грешки при изведување стомачни кои спречуваат ефективни резултати

Read more

Опоравување по напорен тренинг: Што помага при болки во мускулите?

Read more

Зошто е полесно се слабее кога е топло надвор?

Read more
 

Магазин

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Читај повеќе

Како да согорите до 500 калории без да стапнете во теретана?

Читај повеќе

Со едноставен трик продолжете ја свежината на магдоносот

Читај повеќе

Најчести грешки при изведување стомачни кои спречуваат ефективни резултати

Читај повеќе

Знаци дека на вашето тело му недостига витамин Ц

Читај повеќе

Опоравување по напорен тренинг: Што помага при болки во мускулите?

Читај повеќе
  • play_arrow
Направете домашна пица во тавче по рецепт на Џејми Оливер

По рецепт на Џејми Оливер: Домашна пица во тавче

Читај повеќе

Зошто е важно да му дозволите на вашето дете да се разочара?

Читај повеќе

Кои се најчестите постпородилни проблеми од кои страдаат жените?

Читај повеќе